Шкотланѓанин го прака синот за прв пат сам да си купи чевли,му дава 5 фунти и му вели:
- Синко колку и да ти рече продавачот дека коштаат ти симни му ја цената на половина.
Момчето ги земало парите и отишло во продавницата за чевли. Бендисало едни чевли ги пробал и задоволен го прашал продавачот:
- Колку чевливе?
- 8 фунти.
- 4.
-рекло момчето
- Може за 6.
-рекол продавачот.
- 3. – рекло момчето.
- 5. – рекол продавачот веќе видно изнервиран.
- 2,5. – рекло момчето ладно како шприцер.
- 4 последно! -почнал да чури продавачот.
- 2.
-рекло момчето ноншалантно.
- Земи ги беспари, не можам со тебе да испаднам на крај. – рекол продавачот.
- Дај два пара! -Извикало возбудено момчето.