Едно момче излегува во дискотека.
Нарачува пијалок и како што е редот си бендисува една девојка, ја замуабетува, потоа малку играње, и девојката се фаќа на јадицата. Излегуваат од дискотеката и одлучуваат да одат во станот на девојката. Само што влегуваат во станот, таа му вели:
– Еј таму е дневната соба почекај ме, јас ќе се истуширам – и влегува во бањата.
Момчето влегува во дневната соба и гледа едно огромно куче спие на троседот. Ја затвора вратата и седнува на шкафчето за чевли во ходникот. Седи и чека, но девојката се задржува долго. По некое време му се приодува по голема нужда. Се чуди што да прави, девојката уште не излегува од бањата. Ситуацијата почнува да станува неиздржлива. Момчето смислува план, да влезе брзо во дневната соба, да заврши работа до каучот за да личи како кучето да ја завршило работата. Откако на брзина го исполнува планот, седнува пак на шкафот за чевли и чека. Девојката конечно излегува од бањата и кога го гледа во ходникот го прашува:
– Абе зашто цело време ме чекаш тука, зошто не влезеш внатре?
– Како зошто, во дневната соба има едно огромно куче.
– Не плаши се, тоа е плишано…