Фејсбук вицеви

Зима, каминот запален, романтична атмосфера, Ѕвезда се разнежнила и му вели на Пејо:
– Дарлинг, сакам да ме љубиш како во филмовите!
Пејо само тоа и чекал – и си почнал. Однапред, одпозади, одоздола, одгоре, лево, десно… абе сè што можете да замислите! Почнало да се разденува кога завршил, со блажена насмевка се оптегнал на креветот како да чека аплауз. Ја слушна Ѕвезда замислено како вели:
– Пејо, мислам дека јас и ти гледаме различни филмови.
Сосетките седат и си пијат кафе и едната и се жали на другата:
– Кажувај некој совет, што да правам? Стојан ме тепа секој пат како се прибере пијан.
– Не се секирај, го знам лекот. Купи си чај од камилица и кога ќе се прибере пијан, започнувај да правиш гаргара.
Тепаната не видела некоја смисла во советот, но сепак решила да проба. По една недела, двете пак се гледаат. Тепаната и вели на другата:
– Леле, Господ да те богослови! Откако почнав гаргара со камилица, со прст не ме допре.
– Ееее, па прашај паталец… друго си е кога си ја држиш устата затворена…