Фејсбук вицеви

Гледате убава девојка на забава. Одите кај неа и велите:
– Во кревет сум шампион.
Тоа е директен маркетинг.
Вие сте на забава со пријателите. Еден од нив оди кај девојката и вели:
– Во кревет тој е шампион.
Тоа е рекламирање.
На забава вие одите кај убава девојка и земате од неа телефон. Наредниот ден и се јавувате и велите:
– Во кревет јас сум шампион.
Тоа е телефонски маркетинг.
Вие сте на забава. Си ја поправате вратоврската, одите кај неа, и давате чаша со некаков пијалок, а потоа велите:
– Патем, јас сум шампион во кревет.
Тоа е PR.
Гледате убава девојка на забава. Таа се приближува до вас и вели:
– Слушнав дека во кревет си шампион.
Тоа е веќе бренд.
Трпе сакал да има cekc со својата колешка. Бил толку очаен што отишол и ја прашал:
– Ако ти дадам 5.000 денари ќе ми дадеш ли?
– НЕ!
– Ќе бидам брз, ќе ги фрлам парите на масата, ти ќе се наведнеш и додека ги собереш јас ќе бидам готов.
Таа си помислила за момент дека треба да си го праша дечкото. Дечко и и рекол:
– Побарај му 10.000 и он кога ќе ти ги фрли парите ти брзо ќе ги земеш, а он не би можел ни пантолоните да ги соблече.
Поминало саат и пол, дечкото се загрижил и и се јавил на својата девојка. Кога ја прашал што се задржала толку многу, таа му одговорила:
– Идиотот само монети имаше.
Разговараат двајца пријатели и едниот раскажува како си поминал во Шпанија.
– Кога бев во Шпанија, гледав борба со бикови. По борбата влегов во најблиското ресторанче да пробам некое национално јадење. Додека чекав, келнерот помина со еден послужавник, на кој имаше една чинија полна ориз со магдонос, а врз него две големи топки од месо. Го прашав што е тоа и тој одговори дека тоа е Тестароса, специјалитет кој се прави од тестисите на бикот. Еднаш сум во Шпанија па решив да пробам и ми се допадна. По неколку дена се вратив пак таму и си нарачав од истото јадење. Овој пат келнерот ми донесе една мала чинија со малку ориз и две мали топчиња месо на врвот. Прашав дали не ја згрешил нарачката за Тестароса, а тој ми вели: „Не, Сенор, јадењето е исто… само понекогаш бикот победува.“
Жена се вози во автобус.
Голема гужва е не може да дојде до возачот да си купи билет. Пред неа стои една жена и треба да ја замоло да му ги подаде парите на шоферот, но како да и се обрати? Жената си мисли: „Штом не излезе на претходната станица значи оди во мојата населба. Носи шише вино, значи оди кај некој маж. Виното е скапо, значи оди кај убв маж. Во мојата населба има само двајца убави мажи, мажот ми и љубовникот. Бидејќи јас сега одам кај љубовникот, значи таа оди кај мојот маж. Мажот ми има две љубовници, Кети и Јулија. Кети е од Охрид.“
– Јулија, те молам подај му ги париве на возачот!
– Од каде ми го знаете името?