Фејсбук вицеви

Некој фармер купил млад убав петел за да го замени веќе стариот и изморен петел и да си го обнови кокошарникот.
Кога го пуштил во дворот, младиов петел му приоѓа на стариот и му вика:
- Добро стари, времето ти измина, тргај се на страна, ја преземам од денеска.
- Ама младичу, и така не можеш со сите кокошки сам да се справиш, дај да ги поделиме.
- Ма не доаѓа во предвид, гитла од тука.
- Остај ми ги барем оние две стари во ќошот.
- Не може. Стари, млади, сите се мои.
- Епа, кога е така, ај да се тркаме, кој ќе победи негов е кокошарникот.
- Нема проблем, а да не речеш не било фер ќе ти дадам предност 10 секунди.
Почнале да се тркаат петливе и само што почнал младиов да го стига стариот ги забележува фармерот, ја зема пушката, го застрелува младиот петел и опцува:
- Мајку му стара, ова е трет петел, педер неделава.
Мажи вежбаат во бодибилдинг клуб и ѕвони еден мобилен телефон.
Еден од мажите се јавува и вели:
- Ало.
- Драги ти ли си?
- Да, кажи.
- Вежбаш ли?
- Да.
- Јас сум во една продавница за кожни палта.
- Гледам едно прекрасно палто на попуст.
- Колку чини?
- 25.000 денари.
- Добро, купи го ама избери си и една чанта која ќе одговара со него.
Жената видела дека денес е нејзиниот ден и рекла:
- Драги, нели ти спомнав дека мама сака да дојде да живее со нас.
- Што велиш да ја поканиме еден месец пробно да живее и потоа ќе зборуваме.
- Добро, добро, но немој да бараш ништо повеќе.
- Нема, те сакам. Чао.
Мажот го затвара телефонот и прашува:
- Некој да не знае чиј е овој телефон???