Фејсбук вицеви

Некој миел прозорци на 14 кат. Без да сака се лизнал, му се скинало сигуроносното јаже и тој полетал надолу. На 10 -ти кат се протегнала здрава машка рака и го фатила за јаката. Се слушнал груб машки глас:
- Една cbиpka ќе направиш ли?
- Што -о- о! ? Ти си луд! Никогаш.
- Извикал пријателов што паѓал!
Раката го пуштила и тој повторно полетал надолу. На 8 -ми кат се протегнала друга здрава машка рака и пак го фатила за јаката . Се слушнал друг машки глас:
- Ќе дадеш ли да ти го ставам отпозади?
- Никогаш! За ништо на светот! Идиоти ниедни!
И таа рака го пуштила и тој повторно полетал надолу. На 5 -ти кат се протегнала трета здрава машка рака и пак го фатила за јаката .
Пријателов без да чека се развикал :
- И отпозади давам!!! И cbиpka ќе направам!!!
Раката го пуштила и незадоволен глас промрморел :
- Ебати! Човек нема со кого една ракија да испие. Само некакви пeдepactи типови летаат наоколу!
„Ербас 380“ на лет преку Атлантикот. Лета со 800 километри на час, на 30.000 стапки, кога одеднаш се појавува „јурофајтер“ со „темпо Мах 2“.
Пилотот на „јурофајтер“ намалува и почнува да лета покрај „ербасот“, па го поздравува пилотот преку радио.
- „Ербас“, летот е досаден, нели? Чувај се и фрли еден поглед тука.
- Вели пилотот и забрзува со „јурофајтер“, прави егзибиции, го врти на грб, ја пробива звучната бариера, се издигнува забрзано до големи височини, за веднаш да слезе речиси до морето. Повторно го бара пилотот на „ербас“ и го прашува:
- Како ти се чинеше ова?
Пилотот на „боинг“ му одговара:
- Доста импресивно, но сега ти погледни!
Пилотот на џет-авионот го гледа „ербасот“, но ништо не се случува, туку продолжи да лета право со истата брзина. По пет минути пилотот на „ербасот“ му вели на другиот пилот:
- Што ќе кажеш за ова?
Збунет, пилотот на џет-авионот го прашува:
- Што направи?
Другиот пилот се смее и му вели:
- Станав, си ги истегнав нозете, отидов во бањата, се напив кафе, каснав торта од цимет и закажав состанок со стјуардесата за наредните три вечери во хотел со 5 ѕвезди, платен од мојот работодавец.
Поуката на приказната:
Кога сте млади, брзината и адреналинот се чинат одлични. Но, како што стареете и станувате помудри, удобноста и мирот не се на одмет.