Фејсбук вицеви

При посета на психијатриска болница Трпе го прашува директорот на кој начин одлучуваат кого ќе примат на лечење во болницата. Директорот одговорил:
– Многу едноставно, го ставаме пред када полна со вода и му даваме лажичка, чаша и канта и му кажуваме од кадата најбрзо што може да ја испразни водата.
– Аха, разбирам, вели Трпе, – оној кој е нормален почнува да ја вади водата со канта.
– Не, вели директорот – оној кој е нормален ќе ја извади затката од кадата. А вие сакате соба со балкон или без?
Некој човек стопирал на автопат и одеднаш почнала силна невидена бура.
Толку силно врнело што кутриот не можел да види прст пред око. За среќа покрај него поминал автомобил, а тој без размислување влегол во него. Внатре го чекало големо изненадување – автомобилот сам се движел, не бил управуван од никого. Преплашен тој продолжил да се вози, а срцето речиси престанало да му чуka кога автомобилот почнал да се доближува до една кривина. Одеднаш се појавила некоја рака, го фатила воланот и почнала да управува со автомобилот. Тоа се случувало на секоја кривина.
Кога веќе се приближил до градот човекот не можел да го издржи сиот тој страв, па излегол од автомобилот и истрчал до првата кафеана. Нарачал пијачка и возбудено почнал да им раскажува на гостите што му се случило. Луѓето го виделе целиот мокар, исплашен и во солзи па не им останало ништо туку да му поверуваат на неверојатната приказна. По половина час во кафаната влегле двајца луѓе и едниот му вели на другиот:
– Еј гледај, ене го човекот што ни влезе во автомобилот додека го туркавме.