Фејсбук вицеви

Oтишол министерот за здравство во контрола во болницата во Охрид. Влегува во болничка соба, гледа чисто, пријатна температура, светло. Во собата тројца пациенти.
Министерот оди кај првиот и прашува од што бил болен, каква е негата, храната …
– Ме оперираа од кила. Ќе ме отпуштат за четири дена. Храната е добра. Болничарите секојдневно ни менуваат постелнина.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Не, не, сè е добро.
Вториот кажува:
– Ме оперираа од хемороиди. Ќе ме отпуштат за три дена. Сè е добро. Сестрите внимателни, редовно ни мерат температура, ни даваат терапија.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Не, не, сè е добро.
Министерот оди кај третиот:
– Како се чувствувате Вие?
– Добар сум, излегвам за два дена. Ме оперисаја од крајници. Сè е добро.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Добро е, имам една молба ако мојт, ама да не се сфатит дека нешчо пребарувам – едвај збори пациентот.
– Да, да повели!
– Ама да не се сфатит дека нешто не ми е како што треба…
– Да, да, кажи!
– Ако можит мојов кревет да го клајте најблизу до вратана!
– Зошто?
– Ами, кога идат докторон на сабајле почвит да прегледвит по ред пациенти од вратана па наваму. Ќе го фатит првион за јајца, на вторион ќе му ги пикнит прстите в газот, и најкрај ќе ми ја пикнит мене раката в уста. Ако мојт да ме преклајте до вратана, знам ушче два дена ми останаја, ама да не се сфатит дека нешчо пребарвам!
Влегува Цветко во бар во Германија и гледа еден огромен сад полн со банкноти од по 100 евра и го прашува шанкерот:
– Што се овие?
– Кладба е, ставаш стотка во садот, јас ти давам 3 задачи, ако ги испилниш парите се твои.
– А какви се задачите?
– Стави стотка и ќе дознаеш.
Од љубопитнос Цветко става сто евра во садот.
– Значи треба да испиеш шише текила на екс, овде зад барот има еден питбул треба да му го извадиш расипаниот заб со голи раце, а над нас живее една 80 годишна баба која мечтае некој да ја задоволи за последен пат.
Цветко си помислил:
– Задачите се тешки, ама со мака сум ги заработил стоте евра и не се откажувам.
Го крева шишето текила и го пие на екс, потоа оди зад барот од таму се слуша борба, кршење, кучешко ржење, а потоа и кучешко завивање. Се стишува.
Се појавува Цветко целиот распартален и прашува:
– Каде е бабата со болниот заб?
Имала некоја баба папагал за време на втората светска војна. Папагалот постојано викал “Смрт за Хитлер“. Фашистите биле кај бабата во куќата и папагалот рекол:
– Смрт за Хитлер.
Тогаш војниците и се развикале на бабата и и рекле дека ќе дојдат пак и ако повторно го изговори тоа тие ќе ја убијаат и неа и папагалот. Бабата заминала кај попот и му ја кажала својата мака, а попот и рекол да го земи неговиот папагал. Кога повторно дошле војниците папагалот молчел. Еден од фашистите за да го испровоцира рекол:
– Смрт за Хитлер.
На тоа папагалот одговорил:
– Нека бог ги слушне молитвите твои, сине мој.
Трпе си дошол дома весел и Трпана го прашува:
– Денес си ми ништо многу радосен?
– Во трафика купив олимписки кондоми па вечер ќе ги пробаме!
– Никогаш не сум чула за такви…
– Не се нешто особено, само што можеш да ги купиш во три бои: златна, сребрена и бронзена!
– А, кои ги купи?
– Па се разбира златни, – вели гордо Трпе.
– Можеше да земеш сребрени, не требаше златни! – луто му вели Трпана.
– А, зошто? – се зачудил Трпе.
– Па бар еднаш да свршиш втор – му возвратила Трпана.