Отишле во пеколот еден Американец, Хиндус и Македонец. Ги пречекал Ѓаволот и им рекол:
– На сите кои доаѓаат тука, им даваме шанса да одат во рајот.
Потоа Ѓаволот им покажал еден огромен чекан и им рекол:
– Кој издржи три удари од овој чекан ќе го пуштам во рајот. Можете да се браните со што сакате.
Прв почнал Американецот.
– Со што сакаш да се браниш?
Американецот зел огромна капра.
– Еве со ова ќе се бранам. Подготвен сум!
Ѓаволот замавнал еднаш и карпата се скршила на парчиња. Замавнал втор пат и Американецот се расплакал од болка.
– Следниот – рекол Ѓаволот.
Отишол Хиндусот.
– А ти со што ќе се браниш – прашал Ѓаволот?
– Со ништо – одговорил Хиндусот. – Јас 80 години се занимавам со јога и кога медитирам моето тело не чувствува болка.
– Добро – му рекол Ѓаволот.
Прв удар. Буум! Хиндусот само малку воздивнал.
Втор удар. Буууум! Хиндусот пак само малку воздивнал.
Трет удар. Со сета сила. Буууууум! Хиндусот пак само малку воздивнал.
– Леле-е! Ова не е човек, туку железо! Никој досега не го издржал и третиот ударот – восхитено рекол Ѓаволот. – Слободен си. Можеш да одиш во рајот.
– Не – рекол Хиндусот. – Сакам да останам и да гледам. Во сите вицови Македонецот победува на крај. Сакам да видам дали ќе победи и овој пат.
– Па, добро. Остани – рекол Ѓаволот.
– А ти со што ќе се браниш – се обратил Ѓаволот кон Македонецот?
– Како со што ќе се бранам? Па со Хиндусот, се разбира…