Една богата вдовица сватила дека и е потребен уште еден маж во животот, па објавила оглас во весник:„ Богата вдовица бара маж со кој ќе го сподели остатокот од животот и своето богатство.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови: 1. НИКОГАШ да не ме тепа.
2. Да не избега од мене,да не ме изневери.
3. Да биде одличен во кревет. Неколку месеци телефонот и ѕвончето не престанувале да ѕвонат, но никако не се појавувал некој кој ги задоволувал сите 3 критериуми. Пред речиси целосно да се откаже од потрагата се појавил нов кандидат на вратата. Отвора и здогледува маж без раце и нозе како лежи на чергичето.
– Кој си ти? Што правиш тука?
– Здраво, јас сум мажот на твоите соништа. Немам раце па не можам да те тепам, и немам нозе па не можам да избегам од тебе.
На тоа, вдовицата му одговорила:
– А зошто мислиш дека си добар во кревет?
– Па, што мислиш, како заѕвонев?!