Млад брачен пар имал проблем, не успевале да направат дете.
По неколку години обиди, одлучиле да направат нешто нестандардно. По долги размислувања, одлучиле жената да преспие со друг маж, под услов и двајцата да одлучат кој да биде тој. Се качиле во воз, си резервирале купе и седнале во вагон ресторанот. По неколку минути се појавил еден згоден дечко, дотеран, со добра фризура итн. И двајцата одлучиле тој да биде нивниот избраник.
Мажот отишол кај непознатиот и демек потајно му ја посочил жена си:
– Еј, сакаш ли да имаш cekc со оваа девојка за 100 евра?
– Па, зошто да не, ама нема каде.
– Има, има. Не грижи се, јас ќе ти средам.
По 30 минути фраерот се враќа и вели дека била одлична, а сексот магичен. Но мажот се замислил „А ако не биде од еднаш?“ и решил да му понуди на дечкото и втор пат:
– А, што ќе кажеш, штом си толку задоволен уште еднаш за 100 евра?
– Екстра, немам против.
По 30 минути, работите се повториле. Фраерот пак бил супер задоволен од доживувањето, а мажот продолжил да се мачи, дали од двапати ќе биде работата. Размислувал, како тој се обидувал толку години, а сега само од два пати… и решил повторно да праша:
– А, што ќе кажеш и по трет пат? Овој пат ќе само за 50 евра.
– О-о за 50 евра. Секако. Секако.
Нови 30 мин., Нашиот човек веќе пред нервен слом „Па, ако и од три пати не биде?“. Фраерот само што се појавил и веднаш го подватил:
– Еј, ајде и четврти пат, овој пат без пари.
– А, не, не бива.
– Што бе човек, дај само уште еднаш, што толку?
– Не можам човек, разбери ме, ми се потрошија пpeзepbatиbиte!