Некој поп продавал крстови и поминал некој цајкан и го прашува:
- Колку пари ги продаваш овие плусевите?
Попот запрепастен почнува да објаснува:
- Чедо божје, ова не се плусеви туку крстови и тие се симболи на христијанството и би сакал и ти да купиш еден за да те чува господ.
Цајканот одлучил да купи еден и попот го прашува:
- Кој крст го сакаш? Одбери си еден!
- Веќе одбрав, дај ми го овој со гимнастичарот.