Го затвориле Рамче во полиција и го прашуваат:
- Како се викаш?
- Рамче.
- Каде живееш?
- Пролетерска 10.
- Не лажи бе! (следува ќотек)
На вториот ден:
- Како се викаш?
- Рамче, бе бате.
- Каде живееш?
- На пролетерска 10, бе бате.
- А бе, зошто лажиш! (пак ќотек)
На третиот ден се повторува истото и го пуштат да си оди.
Се прибира дома, и пред врата го чека Ајшето и му вика:
- Ах мој Рамче, оди криј се каде знаиш, три дена идат полицајци и питуат "тука ли живее Рамче", а јас ги лажам "нема таков човек тука."