Добредојдовте во Македонија државата: која се граничи сама со себе; каде живеат убави жени, а наталитетот опаѓа; каде сите играат фудбал, а победуваат во кошарка и ракомет; каде сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време; каде невработените работат најмногу; каде на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат; каде здравството е бесплатно, а лечењето скапо; каде 8 часовното работно време, трае 12 часа од кои 5 се поминуваат во кафана; каде новинарите се слободни да напишат она што ќе им наредат; каде најбогати се оние кои никогаш ништо не работеле; каде светската криза има добиено државјанство; каде луѓето веруваат, а го пцујат Бога; каде минатото се повторува секој ден; каде војните никогаш не се завршуваат; каде неписмени ја пишуваат историјата; каде секој секому се смешка, а никој никому не му посакува добро; каде судските постапки траат подолго од животот; каде поплавите се начин за наводнување на земјиштето; каде сметаат дека земјата повеќе ќе напредува колку повеќе се уназадува; каде што сите мразат политика, а сите имаат партиски книшки.
Добредојдовте во Македонија државата:
која се граничи сама со себе;
каде живеат убави жени, а наталитетот опаѓа;
каде сите играат фудбал, а победуваат во кошарка и ракомет;
каде сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време;
каде невработените работат најмногу;
каде на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат;
каде здравството е бесплатно, а лечењето скапо;
каде 8 часовното работно време, трае 12 часа од кои 5 се поминуваат во кафана;
каде новинарите се слободни да напишат она што ќе им наредат;
каде најбогати се оние кои никогаш ништо не работеле;
каде светската криза има добиено државјанство;
каде луѓето веруваат, а го пцујат Бога;
каде минатото се повторува секој ден;
каде војните никогаш не се завршуваат;
каде неписмени ја пишуваат историјата;
каде секој секому се смешка, а никој никому не му посакува добро;
каде судските постапки траат подолго од животот;
каде поплавите се начин за наводнување на земјиштето;
каде сметаат дека земјата повеќе ќе напредува колку повеќе се уназадува;
каде што сите мразат политика, а сите имаат партиски книшки.