Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма. Лисицата рекла:
- Јас сум итра ќе одам во општината и за час ќе средам да добиеме дозвола.
Заминала лисицата и се врака за половина час со наведната глава, не успеала.
Тогаш волкот рекол:
- Ќе одам јас, јас сум опасен и луѓето се плашат од мене ќе ми дадат дозвола веднаш.
Но поминал еден час и се враќа волкот и тој не успеал.
Тогаш магарето рекло ќе одам јас. Се врака магарето после два часа среќно и им вели:
- Добив дозвола!
Лисицата и волкот зачудено го прашуваат како успеал, а магарето им раскажало:
- Влегувам јас во општината, тропам на вратата и влегувам внатре кога таму сите мои школски другари…