Еден виолинист седнал среде африканската савана и засвирел прекрасна мелодија.
До виолинистот се приближил еден лав и легнал пред него како маѓепсан од музиката. Потоа дошол и втор лав, но и тој исто така легнал пред виолинистот да ја слуша музиката. Потоа дошол и трет и четврт лав и тие легнале да го слушаат виолинистот. На крај стигнал петтиот лав, со брзање му се нафрлил на виолинистот и го изел. Целата ситуација ја следеле два мајмуни качени на едно дрво. Едниот мајмун му вели на другиот:
– Ти реков ли „толку од забавата“ кога ќе дојде Спасо глувиот?
Разговараат три кучиња во чекалницата кај ветеринарот:
– Зошто тебе те донесоа тука?
– Е, јеби га, мојана газдарица купи персиски тепих и ја не знаев дека толку многу е скап и се помочав на него. И сега ќе ми опнат инекција и ќе ме убијат.
– И ја имам сличен проблем, мојата газдарица купи ново БМВ, ме стави мене на задно седиште да одиме у парк и кога го спичи БМВ-то ја се посрав од страв на кожните седишта. Затоа сега и мене ќе ме убијат.
– А, што е со тебе? – го прашуваат третото куче.
– Мојата газдарица многу сака по дома да шета гола и вчера така се наведна нешо кај масичката и ја не можев да издржам, рипнав врз нејзе и и го опнав.
– Лелеее, за тоа сеа и тебе ќе те убијат?
– Ма, неее, мене нема да ме убијат, само малку ќе ми ги скратат и истурпијаат ноктите.

Оди зајакот кај мечката и и вика:
– Мецо, дај да тепаме некого бе, имам нешто вишок енергија. Ај на волкот ќе му идеме?!
– Ајде бе, супер идеја, само дај некоја причина, да не биде ептен така, за џабе.
Се мислел зајакот и рекол на крај:
– Ајде бе ќе го истепаме зошто не носи капа. Му отишле на волкот и само што го виделе одма:
– Абе, ти зашто не носиш капа!? И го истепале, лом го напраиле.
Поминало некое време, пак зајакот и отишол на мечката:
– Мецо, пак ми се тепа некој. Ај пак на волкот ќе му одиме!?
– Ајде бе, може, само дај некоја друга причина сега.
– Ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер ќе му речеме дека сакаме без филтер, а ако ни даде без филтер ќе му речеме дека сакаме со филтер и ќе го истепаме.
Ги слушнала лисицата и одма отишла кај волкот да му каже што се дешава, да се припреми.
Отишле зајакот и мечката кај волкот и му рекле:
– Волчко, дај цигара бе!
– Сакате со филтер или без филтер?
Се помислиле двајцава што да праат и зајакот викнал:
– АБЕ, ти пак не носиш капа, а!?