Залетано влегува Трпе дома и задишан и вика на Трпана:
- Жено,дали слушна?
- Што?
- Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
- Ама ние имамо само три.
- Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
- Каде тргна?
- Идам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
- Каде се другите три деца?
- Епа и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.