Зошто Господ го создал мажот таков каков што е? Кога Бог го создал магарето му рекол: – Ќе работиш од утро до вечер и ќе го носиш најголемиот товар на грбот. Ќе јадеш трева и нема да си многу паметно. Ќе живееш 50 години. Тогаш магарето му рекло: – 50 години таков живот е многу. Дај ми само 30 години. Така и се случило. Потоа Бог го создал кучето и му рекол: – Ти си куче и како такво ќе го чуваш имотот на човекот и ќе му бидеш најверниот пријател. Ќе ги јадеш остатоците од трпезата на човекот и ќе живееш 25 години. Тогаш кучето му рекло: – Господи, 25 години таков живот не се издржува. Дај ми само 10 години. Така и се случило. Потоа Бог го создал мајмунот и му рекол: – Ќе скокаш од дрво на дрво и ќе се однесуваш како будала. Ќе се правиш шут и ќе живееш 20 години. Тогаш мајмунот му рекол: – Господи, 20 години како Шут е многу. Дај ми само 10 години. Така и се случило. Конечно Господ го создаде мажот и му рече: – Ти си маж. Единственото разумно суштество кое ќе постои на земјата. Ќе го користиш разумот за да владееш над другите суштества. Ќе владееш на земјата и ќе живееш 20 години. Тогаш мажот рекол: Господи, да сум маж само 20 години не е доволно. Дај ми ги те молам 20-те години од кои се откажа магарето, 15-те години од кои се откажа кучето и 10-те години од кои се откажа мајмунот. Така и се случило. Од тогаш мажот живее 20 години како човек, а потоа се жени и работи 20 години како магаре и од утро до вечер го носи товарот на семејниот живот. Потоа создава деца и живее 15 години како куче, го пази домот и имотот, јадејќи ги остатоците од трпезата на неговото семејство. И кога ќе остари 10 години се однесува како будала и се прави мајмун за внуците…
Зошто Господ го создал мажот таков каков што е?
Кога Бог го создал магарето му рекол:
– Ќе работиш од утро до вечер и ќе го носиш најголемиот товар на грбот. Ќе јадеш трева и нема да си многу паметно. Ќе живееш 50 години.
Тогаш магарето му рекло:
– 50 години таков живот е многу. Дај ми само 30 години.
Така и се случило.
Потоа Бог го создал кучето и му рекол:
– Ти си куче и како такво ќе го чуваш имотот на човекот и ќе му бидеш најверниот пријател. Ќе ги јадеш остатоците од трпезата на човекот и ќе живееш 25 години.
Тогаш кучето му рекло:
– Господи, 25 години таков живот не се издржува. Дај ми само 10 години.
Така и се случило.
Потоа Бог го создал мајмунот и му рекол:
– Ќе скокаш од дрво на дрво и ќе се однесуваш како будала. Ќе се правиш шут и ќе живееш 20 години.
Тогаш мајмунот му рекол:
– Господи, 20 години како Шут е многу. Дај ми само 10 години.
Така и се случило.
Конечно Господ го создаде мажот и му рече:
– Ти си маж. Единственото разумно суштество кое ќе постои на земјата. Ќе го користиш разумот за да владееш над другите суштества. Ќе владееш на земјата и ќе живееш 20 години.
Тогаш мажот рекол:
Господи, да сум маж само 20 години не е доволно. Дај ми ги те молам 20-те години од кои се откажа магарето, 15-те години од кои се откажа кучето и 10-те години од кои се откажа мајмунот.
Така и се случило.
Од тогаш мажот живее 20 години како човек, а потоа се жени и работи 20 години како магаре и од утро до вечер го носи товарот на семејниот живот. Потоа создава деца и живее 15 години како куче, го пази домот и имотот, јадејќи ги остатоците од трпезата на неговото семејство. И кога ќе остари 10 години се однесува како будала и се прави мајмун за внуците…