Иде некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика:
- Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш, како бе вака се одржуваш во кондиција?
- Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам!
- Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е некој ген кажи ми на колку години почина татко ти?
- Кој бе починал скраја да е, жив е човекот!
- Како бе жив?!?!? Колку години има?
- 99 години.
- Жити се, па он како се одржава?
- Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме!
- Абе ти викам неможе од тоа да е, кажи ми дедо ти на колку години почина?
- Ти бе ненормален да не си? Какво умирање, супер си е дедо, 120 години има!
- Што и дедо имаш??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас?
- Па како, ама денес неможеше бидејки ќе се жени па има обврски!!!
- Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се?
- Абе и он нејќе ама неговите го тераат!!!