– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци? – Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала. – А бабо, колку ви тежи една овца? Бабата вратила со прашање: – Црната или белата? – Па да речеме белата. – 30 килограми. Новинарката љубопитно прашала: – А црната? – Па исто. – Добро, а колку млеко дава една овца? – Црната или белата? – Да речеме, црната! – Па 2 литри млеко. – А белата? – Па исто. – А колку волна добивате од една овца? – Црна или бела? – Бела! – 3 кила волна. – А од црната? – Па исто. Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала: – А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци? На тоа бабата одговорила: – Па белите се мои. – А црните? – Па исто!
– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?
– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.
– А бабо, колку ви тежи една овца?
Бабата вратила со прашање:
– Црната или белата?
– Па да речеме белата.
– 30 килограми.
Новинарката љубопитно прашала:
– А црната?
– Па исто.
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црната или белата?
– Да речеме, црната!
– Па 2 литри млеко.
– А белата?
– Па исто.
– А колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела?
– Бела!
– 3 кила волна.
– А од црната?
– Па исто.
Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:
– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
На тоа бабата одговорила:
– Па белите се мои.
– А црните?
– Па исто!