Некој обичен човек, толку многу изнервиран што не добил унапредување минатата недела, отишол во болница да бара да му пресадат доволно мозок за да стане за 20% поинтелегентен.
После 10 саати на интензивни тестови, болницата конечно реши дека човекот е достоен кандидат за трансплантација на мозок, па му дадоа на човекот ценовник со различни видови на мозок:
- Кило мозок од економист – 1000 евра.
- Кило мозок од професор – 5000 евра.
- Кило мозок од доктор на науки – 10.000 евра.
- Кило мозок од политичар – 50.000 евра.
Човекот нормално се изненадил на скапотијата викајќи им на докторите:
- Па добро бре луѓе како можи кило мозок од еден политичар да е 50.000 евра, тоа не го сфаќам?
На што докторите му одговорија:
- А, вие г-не знаете ли колку само политичари треба да заколиме за да собереме кило мозок?