Си бил некој комарец, назгазнал во лед и му се заледила ногата. Отишол кај сонцето и рекол: -Сонце ти се молам огреј за да се стопи ледот и да си ја извадам ногата. Сонцето рекло: -Неможам оди кај облаците! Отишол комарецот кај облаците и им рекол: -Облаци ве молам тргнете се за сонцето да огрее да се стопи ледот и да си ја извадам ногата. Облаците рекле: -Неможеме оди кај ветерот! Отишол комарецот кај ветерот и рекол: -Ветру ти се молам дувни да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата. Ветрот рекол: -Неможам оди кај планината! Отишол комарецот и кај планината и и рекол: -Планино ти се молам тргни се за да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата. Планината рекла: -Неможам оди кај реката! Отишол комарецот кај реката и и рекол: -Реко ти се молам тргни се за да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата. Реката рекла: -Неможам оди кај рибите! Отишол комарецот и кај рибите и рекол: -Риби ви се молам тргнете се да се тргне реката да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата. Рибите рекле: -Неможеме оди кај рибарот! Отишол комарецот и кај рибарот и рибарот рекол: -Еее комарец! – и го убил
Си бил некој комарец, назгазнал во лед и му се заледила ногата.
Отишол кај сонцето и рекол:
-Сонце ти се молам огреј за да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Сонцето рекло:
-Неможам оди кај облаците!
Отишол комарецот кај облаците и им рекол:
-Облаци ве молам тргнете се за сонцето да огрее да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Облаците рекле:
-Неможеме оди кај ветерот!
Отишол комарецот кај ветерот и рекол:
-Ветру ти се молам дувни да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Ветрот рекол:
-Неможам оди кај планината!
Отишол комарецот и кај планината и и рекол:
-Планино ти се молам тргни се за да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Планината рекла:
-Неможам оди кај реката!
Отишол комарецот кај реката и и рекол:
-Реко ти се молам тргни се за да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Реката рекла:
-Неможам оди кај рибите!
Отишол комарецот и кај рибите и рекол:
-Риби ви се молам тргнете се да се тргне реката да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Рибите рекле:
-Неможеме оди кај рибарот!
Отишол комарецот и кај рибарот и рибарот рекол:
-Еее комарец! – и го убил