Мажот, лекар се кара со својата жена, домаќинка за време на појадокот, бесен бега од масата и вели:
- И да знаеш, воопшто не си добра во кревет!
На работа сваќа дека претерал и дека треба да се извини, па одлучил да и се јави. Го бира бројот, а телефонот ѕвони и ѕвони...
После долго време се јавува жената.
Мажот повторно лут:
- Што мори ти требаше толку за да се јавиш?
- Бев во креветот - она одговара.
- Што бараш во кревет во оваа доба од денот, мори глупачо една?!?! - бесно прашува.
- Па побарав второ мислење.