Му се родил син на Рамче и целиот среќен оди до болницата за да го види. На влезната врата не го пуштиле да влезе, па застанал под пенџерето и почнал да вика:
- Неџмиеее... Неџмии...
- Што се дереш Рамче?
- извикала жена му.
- Личе ли на мене?
- Неее...
- А на тебе?
- Неее...
- На татко ми?
- Ма јок!
- А на татко ти?
- Уште помалку.
- Епа на кого личе?
- Што ќе ти кажувам кога и онака не го познаваш човекот.