Skip to main content
Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот.
Влегол во собата па и рекол на Трпана:
– Приметуваш ли нешто поразлично на мене?
Трпана го погледнала па му рекла:
– Не.
Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само чизмите на нозете.
Повторно прашува, овој пат малку погласно:
– А, СЕГА, приметуваш ли нешто поразлично?
Трпана го крева погледот и му вели:
– Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси!
Бесен, Трпе почнал да се дере:
– А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?!
– НЕ! – одговорила Трпана.
– Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе.
Трпана на тоа му одговорила:
– Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир…
Оди Трпе во болница и таму имало двајца лекари едниот бил песимист другиот оптимист. Оди прво кај песимистот:
– Докторе имам проблеми со желудникот, а и главата многу ме боли!
– Да не пиеше ти синоќа?
– Да.
– Ааа готов си ти, ти нема спас, алкохолот се ти изгорел.
– Ама докторе имам уште еден проблем НЕ МИ СТАНУВА.
– Ауууу готово, крај е со тебе.
Излегува Трпе разочаран и си вика, ај да пробам и кај оптимистот, може он знае некој лек.
– Докторе ме изгоре зелудникот, а и главата ми пука.
– А ти сигурно имаш пиено сношти. Е ништо не ти е, оди сега напиј се уште една… клин со клин се вади.
– Ама докторе имам уште еден проблем, ЦЕЛО ВРЕМЕ МИ ВИСИ.
– Што збориш бе, не е можно, ај соблечи се и рашетај се низ ординацијава да те видам.
Трпе се соблекува како од мајка роден.
– Абе Трпе стварно ти виси, ама не се секирај, знаеш колку убаво ти личи!