Фејсбук вицеви

Миле и Коле го запираат фиќото на бензинска во Германија.
Вработениот на бензинската ги прашува:
„Бензин, дизел?“
Миле:
„Само вода, ве молам.“
Човекот им го полни резервоарот до горе, Миле вади едно шишенце со таблети и пушта една во
резервоарот.
Влегуваат во автомобилот, палат и заминуваат. Германецот останува со подотворена уста.
Следниот ден на истата бензинска станица.
Миле: „Само вода, ве молам.“
Го полнат резервоарот до горе, Миле става една таблета во резервоарот, палат и заминуваат.
Третиот ден запираат на истата бензинска. Кон нив се приближува господин во костум и им вели: „Слушам
дека имате некакви специјални таблети. Јас сум директор на компанијата ESSO и сакам да ви ги откупам
таблетите. Колку барате за нив?“
Мишо: „50.000 евра ама веднаш и во кеш.“
Човекот изненаден од ниската сума: „Дали сте сигурни дека за ваков изум барате само 50.000 евра?“
Мишо: „Да, да, ние сме од Македонија, а таму кај нас тоа се многу пари.“
После некое време ги добиваат парите, му го даваат шишенцето на господинот и си заминуваат.
Коле прашува: „Абе Миле, а ние како ќе возиме сега?“
Миле: „Па како и до сега - на плин.“
Господ повикал Американец, Русин и Македонец кај него на разговор, да ги опомене за последен пат.
Прво го викнал Американецо и му рекол:
- Ако вие Американците не престанете да уништувате други држави, ќе го стиснам ова копче и сите ќе ве уништам!
Американецот се расплакал и си излегол.Потоа Господ го викнал Русинот:
- Ако вие Русите не престанете да произведувате нуклеарно оружје, ќе го стиснам ова копче и сите ќе ве уништам!
Русинот се расплакал и си излегол. На крај Господ го викнал и Македонецот:
- Ако вие Македонците не престанете да крадете, ќе го притисна ова копче и се ќе ве уништам!
Излегол Македонецот и не можел да престане да се смее. Американецот и Русинот го прашуваат:
- Што ти рече Господ?
- Дека ќе не уништи ако не престанеме да крадеме.
- Па што тогаш се смееш?
- Па му го украдов копчето!