Фејсбук вицеви

Брачен пар се вози по автопат, полека со 100 km/h. Жената седи зад воланот, а мажот мирно ја разгледува околината и изненадно се врти кон жената па и вели:
- Оженет сум преку 20 години, но сакам да се разведеме.
Жената ништо не вели и продолжува да си вози мирно, но накачува на 110km/h. Мажот повторно:
- Не сакам да се обидуваш да ме одвратиш од замислата! Во врска сум со твојата најдобра другарка!
Жената пак останала мирна, но брзината пораснала на 120km/h.
- Сакам да ја задржам колата.
Брзината пораснала на 130km/h. Тој продолжил:
- Ги сакам и сите картици и нашиот брод и куќата! Јасно ли ти е?!
Автомобилот полека почнал да се движи кон бетонски мост. Тоа го направило мажот нервозен, па ја прашува жена си:
- Ти, ништо не сакаш за себе?
Брзинометарот покажувал 150km/h.
- Не, јас имам се што ми треба.
- О, да? – иронично забележал мажот.
- А, што тоа имаш?
Пред да се накачи стрелката на 160km/h, таа полека се свртела кон него и му рекла: воздушно перниче!
На еден војник му стигнува писмо од неговата девојка во кое таа му пишува:
- Драг Трпе! Јас веќе неможам да бидам со тебе. Далечината меѓу нас е преголема. И морам да ти признаам дека четирипати те изневерив откако отиде во војска. А тоа не е во ред. Извини те молам и испрати ми ја сликата што ти ја дадов. Поздрав Трпана.
Војникот, целиот потресен од писмото оди кај другарите и бара фотки... Сите можни што ги имаат, од мајки, од сестри, девојки, баби. Собрал вкупно 76 ги ставил во писмо и на него напишал:
- Драга Трпана! Жал ми е ама не се сеќавам која беше ти. Те молам пронајди си ја сликата, и земи си ја, а другите врати ми ги. Поздрав.
Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите.
По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
- Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
- Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден...
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
- Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
- Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.