Градинка во Америка. Учителката ги собира децата:
– Деца, завршивте ли до играњето?
– Да!
– Кажи Сара, со што си играше ти?
– Си играв со коцките.
– Добро… ако напишеш правилно „коцка“ на таблата, ќе добиеш чоколатце.
Детето пишува правилно и добива чоколатце.
– А ти Мајкл, што правеше?
– Си играв со Сара со коцките.
– Добро… ако напишеш правилно „игра“, ќе добиеш чоколатце.
Пишува и добива…
– А ти, Џамал што правеше?
– Јас сакав да играм со Мајкл и Сара со коцките но тие не ми даваа и ме бркаа.
– О, тоа е потресна расистичка дискриминација! Ако напишеш правилно „потресна расистичка дискриминација“, ќе добиеш чоколатце…
Прв училишен ден во едно средно училиште во САД.
Професорката го претставува новиот ученик Такиро Сузуки од Јапонија.
Часот започнува професорката прашува:
- Сега ке видам колку ја познавате американската историја. Кој рекол: "Слобода или смрт?".
Во училницата штама и само Сузуки крева рака:
- Патрик Хенри, Филаделфија, 1775 год.
- Многу добро Сузуки." А кој рекол: "Државата е народ и како таква никогаш не смее да умре".
Сузуки станува:
- Абрахам Линколн, Вашингтон, 1863 год.
Професорката строго ги погледнува другите ученици, па рекла:
- Засрамете се Сузуки e Јапонец, а ја познава американската историја подобро од вас.
Тих глас од задните клупи:
- Eбete се посрани јапонци!
- Кој го кажа тоа?, викнала професорката.
Сузуки крева рака и вика :
- Генерал Мaк Артур, Гвадалканал 1942 год и Ли Jакока на собранието на акционерите на Крајслер, Детроит, 1982 год.
Училницата во потполна тишина кога се слуша од позадина:
- Пуши го!
Професорката извадена од кoжa:
- Сега е доста. Кoј беше тоа?
Сузуки:
- Бил Клинтон на Моника Левински, овална соба во Белата Куќа, Вашингтон, 1997 год.
Некој друг ученик извикува:
- Сузуки е срање!
Сузуки ко од топ:
- Валентинo Роси, мото трка Гранд-Прих на Бразил, Рио де Женеиро 2002год.
Училницата паѓа у хистерија, прoфесорката во несвест а на врата се појавува служителот:
- У пичку матер! Никогаш не сум видел ваков хаос.
Сузуки подготвен:
- Македонскиот премиер на министерот за финансии, ребаланс на буџетот, Скопје 2003год.
Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда на секој кој ќе успее да плива езеро полно со крокодили. Ако некој се обиде, но не успее, неговото семејство ќе добие 3 милиони долари.
Поминало некое време и немало кандидат, сите се мислеле, но никој не се осмелувал да заплива. Наеднаш еден од заинтересираните храбро скокнал и почнал да плива. Се борел, пливал во секој стил, се трудел со сета сила и на крај целиот искасан одвај успеал да стигне на брегот. И нормално тој налутен почнал да пцуе и прашал:
- Кој ме турна?!
Се испоставило дека тоа била неговата сопруга.
Од таму доаѓа поговорката: „Зад секој успешен маж стои жена“!