Skip to main content
Полицаец ги пушта жената и децата на одмори по една недела оди да им се придружи. Доаѓа во хотелот и одма се нафрла на својата жена.
- Но драги, нема смисла децата се до нас ќе не слушнат, вели жената.
- Да, во право си.
После пола саат одат на плажа на самрак, сами и започнуваат страсно да водат љубов. Дури се во занес поминува полицаец и со висок тон им вели:
- Па добро, како не се засрамите, веднаш да се облечите, вакви работи не се прават на јавно место.
- Ух извинете, вели мажот. Но се немаме видено веќе една недела, па неможевме да ги тргнеме рацете еден од друг. Знаете и јас сум полицаец, не би било добро да ми пишете казна за овој мал прекршок.
- Добро колега, вас ќе ви простам овој пат. Но на оваа ороспија не, ќе плати казна, ова и е веќе трет пат оваа недела да ја фатам на cekc на плажа!!!
Во еден град, брачен пар прославувал 25 годишница од бракот. Тие како пар биле познати по тоа што никогаш не се скарале. Медиумите пристигнувале од сите страни да проверат во што е тајната на "Успешниот брак". Уредникот на еден весник прашал:
- Господине, ќе ве молам кажете ни во што е тајната? Тоа е навистина неверојатно, како успевате?
Човекот почнал да се присетува на деновите поминати на меден месец и ја започнал приказната:
- После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини. По кратко договарање се одлучивме за јавање на расни коњи. Двајцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата жена беше потполно луд. Наеднаш нејзиниот коњ се вознемири и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата! Таа, сосема мирно стана, го потапка коњот и тивко прозборе:
- Ова ти е прв пат!
Го јавна повторно коњот. По кратко време коњот повторно се вознемири и жена ми пак се најде долу на земјата. Повторно стана и со смирен глас му се обрати на коњот:
- Ова ти е втор пат!
Јас бев целосно нем и не можев да се изначудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по трет пат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот. Јас целиот запрепастен и се развикав на жена ми:
- Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш кутрото животно?
- Ова ти е прв пат!!! - смирено ми рече Таа.
- Тоа би било тоа, по оваа случка секогаш сме СРЕЌНИ и СЛОЖНИ, заврши мажот со својата приказна.
Како да се ослободиш од жена ?
Еден човек наумил да се отараси од жена си, ама не знаел како. Во доверба, го прашува пријателот за совет.
- Види, купи и фиќо, таа не знае добро да вози, ќе се акне негде и решен проблем.
И купил фиќо. Се акнала жената.
- И? – прашува пријателот.
- И ништо. Фиќото тоталка, жена ми ни гребнатинка.
- Добро, тогаш купи и мерцедес. Ќе се слупа со двеста на саат и мора да загине.
И купил мерцедес. Се слупала жената.
- И?
- Ама ништо, бре. Мерцедесот не можеш да го познаеш, а таа ни гребнатинка.
- Ау, тежок случај. Туку, купи и јагуар, тоа мора да успее.
И купил јагуар. После некое време, трча човекот кај пријателот:
- Готово, завршивме работа. Жена ми ја нема веќе.
- Честито, пријателе. А со јагуарот што стана?
- Ништо, добар е. Ене го, го врзав зад куќа.