Се шета Африканец, мигрант, во Германија. Налетува на еден човек и започнува да му збори:
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот зачудено му вика:
- Ама јас не сум Германец, јас сум Македонец.
Африканецот му вика:
- Се извинувам.
Продолжува да шета Африканецот и забележува друг човек и му приоѓа.
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, храна за да јадам и се останато.
Човекот го гледа и му вика:
- Јас не сум Германец, јас сум Турчин.
Африканецот повторно:
- Се извинувам.
Продолжува повторно и здогледува друг човек и започнува пак:
- Фала што ме примивте, што ми дозволивте да живеам овде, што ми дадовте здравствено осигурување, место да живеам, што ме примивте како бегалец, фала ви за сé.
Човекот му одговара:
- Супер, ама јас не сум Германец, јас сум Арап.
Африканецот збунето го прашува:
- А добро каде се сите Германци?
Арапот погледнува на саат и му враќа:
- Ова време, изгледа на работа.
Миле и Коле го запираат фиќото на бензинска во Германија.
Вработениот на бензинската ги прашува:
„Бензин, дизел?“
Миле:
„Само вода, ве молам.“
Човекот им го полни резервоарот до горе, Миле вади едно шишенце со таблети и пушта една во
резервоарот.
Влегуваат во автомобилот, палат и заминуваат. Германецот останува со подотворена уста.
Следниот ден на истата бензинска станица.
Миле: „Само вода, ве молам.“
Го полнат резервоарот до горе, Миле става една таблета во резервоарот, палат и заминуваат.
Третиот ден запираат на истата бензинска. Кон нив се приближува господин во костум и им вели: „Слушам
дека имате некакви специјални таблети. Јас сум директор на компанијата ESSO и сакам да ви ги откупам
таблетите. Колку барате за нив?“
Мишо: „50.000 евра ама веднаш и во кеш.“
Човекот изненаден од ниската сума: „Дали сте сигурни дека за ваков изум барате само 50.000 евра?“
Мишо: „Да, да, ние сме од Македонија, а таму кај нас тоа се многу пари.“
После некое време ги добиваат парите, му го даваат шишенцето на господинот и си заминуваат.
Коле прашува: „Абе Миле, а ние како ќе возиме сега?“
Миле: „Па како и до сега - на плин.“
Позната авиокомпанија објавува оглас за пилот. На огласот се пријавуваат Германец, Англичанец и Македонец. Директорот го прашува Германецот:
– Колку време летате?
– Три години.
– А колкава плата барате? – Три илјади евра. Илјада – мене, илјада – на сопруга, илјада – за осигурување.
Потоа го прашува Англичанецот
– Колку време летате?
– Шест години.
– А колкава плата би сакал да земате?
– Шест илјади. Две – за мене, две – за фамилијата, две – за осигурување.
Го прашува на крај Македонецот:
– А, вие колку време летате?
– Кој јас? Да летам немам поим, а се плашам и од височина. Но, сакам да земам по девет илјади евра плата.
– ?!
– Па, три – мене, три – тебе…
Директорот на авиокомпанијата прашува зачудено:
– Чекај, чекај, а кој ќе лета?
– Како кој – Германецот, тој се согласува да лета за три илјади!!!
Потонува брод во Тихи океан и се спасуваат неколку групи на луѓе:

1. Двајца французи и една французинка – уживале во сексот сите тројца одеднаш до бесвест.

2. Двајца германци и една германка – германците имале строг распоред кој кога ќе биде со германката, а кој ќе лови.


3. Двајца грци и гркинка – грците ја погледнале гркинката, се уплашиле, и си заминале на другиот дел од островот за да се сексаат.

4. Двајца бугари и бугарка – бугарите спиеле, а бугарката ловела и работела.

5. Двајца англичани и англичанка – англичаните седеле на страна и се надевале дека некој ќе дојде да ги запознае со англичанката.

6. Двајца американци и американка – американците на долго и широко расправале дека островот е сигурно под америчко влијание, а американката им кажала дека нејзиното тело е само нејзино, дека нејзиниот бивши дечко многу ја почтувал и биле рамноправни, дека е нежна да лови, но дека ќе си ги поделат работите околу домаќинството.

7. Двајца ирци и иркиња – двајцата ирци веднаш го поделиле островот на јужен и северен дел, а потоа се договориле и решиле кој повеќе ќе издржи во пиење ќе ја добие иркињата…. и уште пијат.

8. Двајца јапонци и јапонка – пикнале порака во шише и со надеж дека ќе стигне до Токио, се уште чекаат одговор.

9 Двајца срби и србинка – србите фатиле диво прасе, го испекле, и почнале да расправаат за политика. Србинката за тоа време плачела затоа што ја виделе со разлеана шминка.

10. Двајца македонци и македонка – иако македонката им кажала дека е спремна да ја делат во еден глас изговориле – „Јас нема да допрам, ама нема ни ти“.
Трпе работел во Германија со Германец, Французи и Англичанец на згради повисоки од 30 ката, секој ден пешки се качувале горе, и поради висината горе и ручале, а навечер се спуштале доле и оделе во заеднички хостел на спиење. Условите биле такви да секој ден јаделе исклучиво сендвичи.
Еден ден Германецот се пожалил дека женаму 20 години му прави ист сендвич, и дека ако и утредента има ист сендвич, ќе се фрли и остави писмо зошто го направил тоа.
Тогаш сите се согласиле дека 20 години јадат исти сендвичи и дека ако и удредента имаат ист сендвич сите ќе остават писмо и ќе се фрлат од зградата.
Устредента сите имале исти сендвичи и како кажале така и направиле, сите оставиле писмо и се фрлиле.
Ги закопале заедно бидејки 20 години биле неразделни.
На погребот сите нивни жени коментирале дека не требало така да направат, и дека ако знаеле секој ден ќе им правеле различни сендвичи, и дека не требало така да постапат, на тоа Трпана им вели:
Да Вие сте во право но јас што да кажам, Трпе секогаш сам си ги правеше сендвичите!!!
Одат Трпе и Трале на бензинска пумпа у Германија.
Дизел? Бензин? ги прашува работникот.
Васер (вода) - вели Трпе
Работникот гледа зачудено го полни резервоарот со вода до врв. Трпе вади таблета ја фрла во резервоар седнува, пали и вози..
Работникот од чудење му пандала вилицата…
Другиот ден, доаѓа пак Трпе, пак иста ситуација точи вода, става таблета, пали и вози..
Третиот ден застанува на пумпа, гледа еден господин во одело како му приоѓа:
Слушнав имате некои посебни таблети. Јас сум директор на ЕССО и спремен сум да ви платам милион евра за нив, вели господинот.
Или три, или ништо – вели Трпе
Германецот брои три милиони, Трпе го вади шишенцето со таблети и му го предава и зaминува.
Се возат они накај дома и Трале го прашува Трпе:
Добро Трпе сега ние на што ќе се возиме?
Па на плин како и до сега!!!
Пет германци во Audi Quattro застанале на италијанска граница. Италијанскиот цариник ги застанува и им вели:
“Илегално е да се возите петорица во Quattro.“
- Како тоа мислите илегално?, прашал германецот кој ја вози колата.
- Quattro значи четири, напоменува цариникот.
- Тоа е само името на колата човеку, одговорил германецот не можејќи да поверува што слуша. Еве и во документите видете: колата е дизајнирана за 5 патници.
- Еј, немој да мислите дека со тоа ќе ви прогледам низ прсти, одговорил италијанецот. Quattro е само за четворица. Вие сте петорица во автомобилот и го прекршувате законот!
- Германецот луто му викнал: Ти си идиot! Викни го веднаш твојот претпоставен. Сакам да разговарам со некого кој има повисоко ниво на интелигенција!
- Извинете, но тој нема да може да дојде.
Зафатен е со оние двајца што се возат во Фиат Уно.