Си биле Роналдо, Буш, Папата и некое дете и се возеле во авион.
Авионот требал да се сруши а имале само три падобрана и пилотот рекол вие договорете се кој ке загине. И Роналдо рекол јас сум фудбалер и мене ме плаќаат и се фрлил, потоа Буш рекол јас сум претседател на Америка и мене ме чека толкава држава и се фрлил, останале само папата и детето и папата рекол ти дете си помлад и ти треба да се фрлиш јас сум стар и мене ме чека крајот на животот ти фрли се, а детето извикало не се секирај Папа, Буш го зема мојот ранец за во школо.
Иванов отишол во посета кај Медведев и видел лимузина и го прашал:
- Леле ама е убава твоја е?
- Моја е вика Медведев. Сакаш ваква?
- Сакам, вика Иванов.
- Пишете лимузина за Иванов.И напишале. Потоа Медведев му вика на Иванов дека ќе го вози на брод, а тоа било јахта: – Леле ама е убава твоја е?
- Моја е вика Медведев. Сакаш ваква?
- Сакам, вика Иванов.
- Бришете лимузина пишете јахта за Иванов.И напишале. Потоа му рекол дека ќе го вози во хелихоптер:
- Леле ама е убав твој е? – Мој е вика Медведев. Сакаш ваков?
- Сакам вика Иванов.
- Бришете јахта пишете хелихоптер за Иванов.И напишале. Вечерта отишле во диско и сега Медведев го прашува Иванов:
- Леле ама е убава, твоја е?
-Наша е вика Иванов. – Сакаш ваква? – му вика Медведев.Иванов се мисли и си вика во себе “Да изгубам хелихоптер за една женска” и вика:
- Немам таков kуp за ваква пичka.
- Бришете хелихоптер пишете kуp за Иванов.Рекол Медведев и го испратил Иванов на аеродром со kуp во рака.
Морало да ги пренесат лудаците до друга земја со авион затоа што немало каде да ги носат додека се реновира лудницата и сега во авионот: Влегува еден лудак кај пилотите и им вика Дај бе да го повозам малку авионот.
Пилотот: Како да ти го даам бе, од кај знаеш ти да пилотираш?
Лудакот: Кој не знае бе? И почнал да набројува: ова копче е за тоа, ова е за тоа, она за тоа и уште еден куп други.
Пилотот зачуден и му вика: абе ти стварно си знаел.
Па знам, што ти реков јас, дај сега малку..
Пилотот: Ок ке ти го дадам ама ако ги смириш оние твоите назад оти главата ми потече, цело време развикуваат назад.
Важи му вика лудакот и оди назад и се враќа по две минути а назад штама, ни глас не се слуша.
Пилотот: Добро бе што им направи што замолкнаа наеднаш?
Лудакот: Ехх.. што е лесно, ене им фрлив една топка надвор и сите заминаа да играат фудбал!!!
Доаѓа папата во Македонија и на аеродром го дочекува лимузина со шофер. Но Папата му шепнал на шоферот:
– Слушај пријателе, во Ватикан не ми даваат да возам, а јас баш би сакал да седнам позади воланот, па ако не е проблем, би сакал да ги замениме местата за да повозам малку.
Се префрлил папата на возачко седиште стиснал на гаста и 200 на саат шиба. Арно ама за кратко време ги сопира полиција.
Отвара Папата прозорецот и полицаецот се здрвил и веднаш истрчал до полициското возило до радио станицата:
– Прием шефе, застанав еден што возеше преку 200, но не знам што да правам!
– Е како не знаеш ОДЕРИ ГО!
– Ама не оди така шефе фаца е човекот!
– Да не е градоначалникот?
– Не повисоко е!
– Да не е министерот?
– Не не уште повисоко!
– Да не е премиерот?
– НЕ шефе не е!
– Па веројатно не е претседателот…
– Шефе јас мислам дека тоа е Господ лично!
– Дај бре не трескај глупости како може Господ?!
– Па добро бе шефе на кој друг Папата би му бил шофер?!