Оди стар Македонец на доктор и му вели:
– Докторе, помагај, бабата не ја бива, има депресија, ја болат сите зглобови, не станува од креветот, нема сили да отиде ни до тоалет…
– А имате ли редовен cekc?
– А бе, докторе, каков cekc, јас сум стар комунист, Тито ми испушти душа во рацете!
– Верувај ми, cekc со бабата и сè ќе биде во ред!
Се прибрал дедото, се истуширал, пивнал една ракија на екс за храброст и… завршил работа.
Се разбудил следното утро и гледа: бабата направила кафе и појадок и пее околу шпоретот. Дедото ја гледа и си зборува:
– Ејјјј, да знаев порано… Па, јас и другарот Тито сум можел да го спасам!
Еден старец отишол во аптека и со последните пари си купил вијагра. Се вратил дома и решил да ја изненади бабата.
Со треперливите раце го извадил апчено, но му паднало на подот. Петелот кој се шетал во близина го кловнал и го проголтал.
Старецот многу се налутил, го фатил петелот и решил да го убие бавно. Се мислел како и решил жив да го замрзне.
По 4 часа мислејќи дека петелот веќе е замрзнат, го отворил замрзнувачот да погледне. И што да види? Петелот жив и од него тече пот.
– Што се случува овде? – Прашал старецот.
– Како што – рекол петелот – Знаеш ли колку беше тешко да и ги раширам нозете на замрзнатава кокошка.
Си имала некоја баба тројца зетовци и еден ден решила да ги тестира кој колку ја сака и почитува.
Излегла на прошетка со најстариот, поминувале покрај една река и бабата скокнала да се дави. Зетот без размислување, веднаш скокнал и ја спасил. Следното утро пред вратата го чекал нов Форд Фокус со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
Потоа бабата излегла на прошетка со средниот зет. Иста шема, бабата скокнала во реката, зетот скокнал и и го спасил животот. Наредното утрео пред вратата го чекала нова Опел Корса со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
На крај бабата излегла на прошетка со најмладиот зет. Поминале покрај реката и бабата скокнала да се дави. Зетот се подзамислил: „На првиот му купи Фокус, на вториот Корса, значи мене ќе ми купи некоја евтина кинеска кола, нека се дави.“ И си тргнал накај дома. НАредното утро пред вратата го чекал нов Мерцедес со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојот Дедо“.