За време на студената војна, стравот од комунизмот и Советското влијание беше распространет во повеќето западни земји. Следниов разговор се води во канцеларијата на американскот претседател.
- Господине Претседателе, Русите штотуку се спуштија на Месечината и почнаа да ја бојат во црвено. Работат брзо и една четвртина е веќе обоена во црвено.
- Ок па што е проблемот?
- Но г-дине Претседателе ако ја обојат во црвено, комунистичкиот симбол има да виси над глава врз целата светска популација.
- Не се грижи за тоа, остави ги нека си работат.
После два дена советникот влетува повторно во канцеларијата на Претседателот.
- Г-дине Претседателе, скоро се готови со половината.
- Не се грижи и остави ги да работат.
Подоцна истата недела советникот тажно објавува на Претседателот.
- Г-дине Претседателе ако погледнете нагоре ќе видите дека Месечината е цела црвена. Русите завршија.
-Ок, сега кога веќе завршија испратете шатл и нека нaпишат Кока Кола низ целото.
Млад виолинист на брзање кон македонската филхармонија, каде што имал настап, возејќи повеќе од дозволеното го допира полиција. Сообраќаецот му вели:
- Добро вечер, дали сте свесни дека возевте над дозволеното, возачка и сообраќајна ве молам.
- Ве молам господине, простете се брзам многу, имам на настап во филхармонија за 15 минути, не смеам да доцнам инаку отиде работата ,а и платата.
Сообраќаецот повторно:
- Не ме интересира, возевте многу бргу!!!
- Ама господине ве молам ако задоцнам ќе нема никогаш повеќе да свирам во филхармонија, еве имам виолина не ве лажам, пишете ми казна или што било само пуштете ме се брзам страшно многу!!!
- Полека пријателе, причекај момент.
Сообраќаецот го вика другиот колега и му вели:
- Колега малиов се фали свирел во филхармонија, ти вака си по кафаните, која е таа кафана Филхармонија?!