Отсекогаш сум бил голем комунист, но се напатив. Си ја одлежав пресудата со доблест и непоколеблива љубов кон партијата. Еве како сето тоа започна.
Бев претседател на КПМ. На посета ни дојде првиот секретар на ОК на КПЈ, заедно со членовите на ЦК на КПЈ. Влеговме во салата за банкет а таму на ѕидот висеше портретот на Јосип Броз Тито и на кравата која дава најмногу млеко. Другарот Петрович, ми нареди:
– Веднаш да го фрлиш ова говедо од ѕидот!
– Кое поточно?
Следеше апсење и осудување на 3 години затвор лесен режим. Таму ме назначија за диригент на аматерскиот хор. При една посета на судии на Врховниот суд, ни беше наредено да организираме концерт за високите гости. Јас бев воодушевен и еуфорично најавив:
– Затвореничкиот хор составен од арамии, крадци и насилници, ќе ја исполни песната „Од тебе учиме партијо моја“.
Ми ја продолжија пресудата за уште 3 години. И ме преместија во каменолом.
Таму ме назначија за бригадир. Со полна сила работев за општо добро. Се наближуваше националниот празник 11 октомври – денот на востанието и решив да направам плакат, кој го залепив на влезот на каменоломот.
„Во чест на 11 октомври, повеќе камења за партијата!“.
Ми ја продолжија пресудата за уште 5 год. И така се до 1991 година…
Еден виолинист седнал среде африканската савана и засвирел прекрасна мелодија.
До виолинистот се приближил еден лав и легнал пред него како маѓепсан од музиката. Потоа дошол и втор лав, но и тој исто така легнал пред виолинистот да ја слуша музиката. Потоа дошол и трет и четврт лав и тие легнале да го слушаат виолинистот. На крај стигнал петтиот лав, со брзање му се нафрлил на виолинистот и го изел. Целата ситуација ја следеле два мајмуни качени на едно дрво. Едниот мајмун му вели на другиот:
– Ти реков ли „толку од забавата“ кога ќе дојде Спасо глувиот?
Полицаец оди на работа гол. Го прашуваат:
- Што се случи, Васко, зошто си гол?
- А да... вчера бев во ноќен клуб...
- И?
- И играв, играв и се беше во ред...
- И?
- И тогаш диџејот ја запира музиката и вели: „Сега ќе го изгаснам светлото 30 секунди и сите мажи да се соблечат!“
- Добро и?
- Диџејот повторно рече: „Сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите девојки да се соблечат!“
- Интересно!
- Ги пали светлата и сите девојки беа голи!
- Супер!
- И тогаш диџејот рече: „сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите мажи на работа!“
- А ти?
- И јас дојдов на работа.
1. Симптом: Студени и влажни нозе.
Причина: Чашата ја држите под неправилен агол и пијалокот ви истекува.
Решение: Внимателно придвижете ја чашата така што отворот да биде насочен нагоре.
2. Симптом: На ѕидот спроти вас има претерано многу светлини.
Причина: Лежите на подот.
Решение: Позиционирајте го телото така да образува агол од 90 степени спрема подот.
3. Симптом: Подот ви изгледа како нефокусиран.
Причина: Гледате низ празна чаша.
Решение: Наполнете ја чашата со пијалок по ваш избор.
4. Симптом: Подот се движи.
Причина: Ве изнесуваат .
Решение: Барем прашајте накаде ве влечкаат .
5. Симптом: Слушате ехо секој пат кога некој ќе прозбори.
Причина: Лежете со уво во празна чаша на масата.
Решение: Однесувајте се пристојно, исправете се.
6. Симптом: Собата се тресе, сите се облечени во бело, а музиката непрекинато се повторува.
Причина: Во болничка кола сте.
Решение: Не се движете. Оставете професионалците да си ја вршат работата.
7. Симптом: Татко ви и вашите браќа изгледаат многу невообичаено.
Причина: Во погрешна куќа сте.
Решение: Прашајте дали можат да ви упатат кон вашата куќа.
8. Симптом: Огромна светлина ве заслепува.
Причина: Спиете на тротоарот.
Решение: Приберете се дома. Кафето помага.
Си биле претседателите на Македонија, Франција, Англија, Грција, Персија и Бугаријa…
- Персијанецот станува и вика:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на перските килими, најубави килими имаме ние!!!
- Французинот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Ајфеловата кула, најубава кула и највисока на свет!!!
- Англичанецот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Елизабета II, најубава кралица сме имале ние!!!
- Бугаринот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на бугарската музика, многу убава музика имаме!!!
- Гркот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на грчката литература, најубава литература имаме ние!!!
- Македонецот се мисли и почнува:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на крали марко, што имал cekc со елизабета под ајфеловата кула, на убав персијски килим со убава бугарска музика. Ако не ми верувате прочитајте во грчката литература !!!
Поздрав до сестра ми која е инвалид со песната “Стани моме да заиграш" (Народна песна).
- Поздрав до дедо ми кој инаку е глув со песната “Слушам кај шумат шумите” (Народна песна).
- Поздрав до комшијата и неговиот новороден син со песната “Сине мој” (Мухарем Сербезовски).
- Поздрав до сите пожарникари со песната “Запаличу пола града” (Драган Којич Кеба).
- Поздрав до мојот сосед кој има 70 години и е неженет со песната “Кад права љубов закасни” (Саша Матич).
- Ги поздравувам свекор ми и свекрва ми кои се дојдени кај мене на вечера со песната “Од каде дојдовте да не дојдевте” (Орце Стевковски Царот).
- Ја поздравувам мојата золва од Австралија која сега иди со авион наваму со песната “Црна се чума зададе” (Народна песна).
- Ги поздравувам сите слепи со песната “Ако ме погледнеш во очи” ( Тоше Проески).