Плавуша се вози со такси до дома и пред да стигне таа го прашала возачот колку треба да плати, тој и рекол 70 денари, но тогаш таа видела дека го загубила паричникот и му рекла на возачот:
- Господине ама јас сега нема со што да платам.
Тогаш возачот се налутил и ја одвел на друго место, таа му викала:
- Аман господине ќе го решиме проблемот на друг начин, каде ме носите?
Тогаш тој застанал на некоја ливада, ја извадил плавуша од кола и постелил чаршав на ливадата, плавушата почнала да вика:
- Аман господине ве молам јас сум мажена, имам две деца.
Тогаш возачот и рекол:
- Види вака, јас не ти мислам никакви валкани работи, дојди да скубиш овде трева, знаеш ти колку зајаци ја имам дома?!
Затвореник конечно бега од затвор по цели 15 години одлежани во него. Уште првиот ден влегува во куќа за да краде пари и оружје.
Во спалната начекува брачен пар во кревет. Го заврзува мажот за столче, а девојката за креветот. Потоа се качува вр девојката и ја бакнува по вратот и оди во бањата. Потоа мажот и вели на жената:
– Слушај жено. Овој човек е многу опасен погледни му ги алиштата со години бил во затвор. Го видов како те бакнува сигурно не осетил жена долго време. Прави како што ќе ти каже и ако бара cekc не се противречи оти ќе не убие. Издржи душо, те сакам!
Жената му рекла:
– Извини ама не ме бакнуваше. туку ми шепнуваше на увото. Ми рече дека е геј и дека си му изгледал слатко. Ми побара вазелин и му кажав дека е во бањата. Па ти не се противречи и прави што ќе ти каже! Издржи душо, те сакам.