Си бил некој милионер, кој од хоби собирал живи алигатори и ги чувал дома во базен.
Исто така имал прекрасна ќерка која не била мажена. Еден ден решил да направи журка и ги поканил сите луѓе што ги знаел и што не ги знаел. На сред забава ја прекинал музиката и соопштил:
- Драги гости. Имам предлог за сите мажи овде. Ќе дадам милион долари или раката на мојата ќерка за оној кој ќе го преплива базенов полн со алигатори и жив ќе излезе од другата страна…
Уште не завршен со соопштението милионерот слушнал "пљас" се свртел и видел човек како панично брзо плива од едната кон другата страна од базенот. Откако излегол надвор неповреден, милионерот му се обратил:
- Браво бе дечко. Мислев нема никој да се нафати и жив да излезе, ама ти беше фантастичен. Јас морам да си го одржам зборот, па затоа кажи ми што сакаш, милион долари или мојата ќерка.
- Слушај човек. Не ги сакам ни твоите пари, нити ќерката. Туку која будала ме бутна у базенот.
Шетаат малиот Трпе со татко му и Трпе цело време прашувал нешто.
– Тато, што е она? – Тоа е црква сине, таму се оди за празници, за крштевки… – А тато, што е она? И покажува на јавна куќа. – Ееее тоа ти е сине мало, скапо ама слатко задоволство. И стасале дома и татко му му дава 100 денари да си купи нешто. И нормално Трпе право отишол кај малото слатко задоволство. Ги ставил парите на шанк и побарал нешто слатко. Жената кога го видела му намачкала три лепчиња со џем. Овој двете веднаш ги изел а на третото само го излижал џемот. Кога дошол дома кажал на татко му дека бил на тоа слаткото место и на овој му паднало мрак на очи. – Тато, двете ги мавнав како од шала, а за третата немав сила па само ја излижав.
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
- Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
- Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
- Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
- И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
- Колку дужам?
- Десет денари, рекол Ѓаволот.
- Како тоа 10 денари? Ови разговараа самонеколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
- Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.