Мара имала три ќерки, и сите три биле невини. Тие се омажиле во исто време.
Бидејќи биле неискусни во сексот Мара загрижена побарала од нив за време на брачното патување да и испратат опис за тоа како го поминале првиот cekc…
Првата испратила разгледница од Тахити, на која било напишано:
“Nescafe”!
Мара не и било јасно што значи тоа, но за среќа имала едно пакетче Nescafe на кое пишувало:
“Божественo до последната капка”.
Мара задоволна и горда на својата ќерка!
Втората ќерка испратила разгледница од Брегот на Слоновата коска на која пишувало “Rotmans”.
Мара бидејќи знаела за што станува збор си купила цигари “Rotmans” и погледнала на пакувањето на кое пишувало:
“Кралот на Големината”
Мара била малку засрамена, но сепак среќна.
После 3 недели стигнала разгледница и од третата ќерка на која пишувала:
“South African Airways”
Маra веднаш ја отворила златната книга и под компанијата “South African Airways” имало напишано:
“Десет пати на ден, Седум дена во неделата…и во двете насоки.”
Малиот Пeрица ја прашува својата учителка дали може да разговара со неа после часот. Таа прифаќа.
Учителката:
- Што сакаше да ми кажеш Перица?
Перица:
- Мислам дека сум премногу паметен за да останам во ова одделение, би сакал да прејдам директно во гимназија.
Поради тоа сакам да одиме и да го информираме и директорот.
Директорот зачуден вели дека ќе му постави неколку прашања на Перица за да види колку е достасан за да оди понатака. Перица прифаќа и директорот почнува со прашањата.
Директор:
- Ајде Перица, да видиме, 3 x 4?
Перица:
- 12!
Директор:
6 x 8?
Перица:
- 48, господине директоре.
Директор:
- Главен град на Јапонија?
Перица:
- Токио.
Тестот продолжува наредните 30 минути, Перица не прави ниту една грешка!
На крајот, директорот е задоволен, но учителката го прашува дали може таа да му постави неколку прашања. Двајцата се согласуваат и таа почнува.
Учителката:
- Добро, Перица. Кравата ги има 4, а јас 2, што е тоа?
Перица:
- Нозе, госпоѓо.
Учителката:
- Точно. Што може да се најде во твоите панталони, а во моите го нема?
Директорот се изненадува од прашањето!
Перица:
- Џепови, госпоѓо.
Учителката:
- Добро, Перица. Каде жените имаат највиткани влакна?
Директорот се спрема да интервенира кога Перица смирено одговора.
Перица:
- Во Африка, госпоѓо.
Учителката:
- Што е меко, но, на рацете на жената, станува тврдо?
Директорот ги ококорува очите, но Перица одговара.
Перица:
- Лак за нокти, госпоѓо.
Учителката:
- Што имаат машките и женските на сред нога?
Перица:
- Колена!
Учителката:
- Добро. А што има пошироко мажена жена од немажена?
Директорот неможе да им верува на своите уши!
Перица:
- Кревет, госпоѓо.
Учителката:
- Кој дел од моето тело е често највлажен?
Перица:
- Вашио јазик, госпоѓо.
Учителката:
- Кој е тој збор што почнува со буквата „п“, а означува нешто што може да биде влажно или суво и што машките сакаат да го гледаат?
Перица:
Пат!
Директорот, без воздух, целиот мокар од пот, одлучува да го прекине тестот и извикува:
- Нема да те пратам во гимназија, туку право на факултет! Дури и јас погрешно би одговорил на сите прашања од овој тестот.
1. Во која битка загина Наполеон?
- Во неговата последна.
2. Каде беше потпишана Декларација за независност?
- Најдолу.
3. Која е главната причина за развод?
- Бракот.
4. Што не треба да изедеш за доручек?
- Ручекот и вечерата.
5. Што изгледа како половина од јаболко?
- Неговата друга половина.
6. Како може еден маж да помине 8 дена без да спие?
- Нормално... Ќе спие навечер.
7. Како можеш да подигнеш слон со една рака?
- Каде можеш да најдеш слон со една рака?
8. Доколку во една рака имаш 3 јаболка и 4 портокали, а во другата 4 јаболка и 3 портокали, што би имал?
- Огромни раце.
9. Ако на 8 мажи им се потребни 10 часа за да изградат еден ѕид, колку време ке им биде потребно на 4 мажи ?
- Нула... ѕидот е веке изграден.
10. Како можеш да фрлиш јајце на подот без да го скршиш?
- Како сакаш. Тешко е да го скршиш подот со јајце.
Кристофер Колумбо ја открил Америка само затоа што: БИЛ НЕОЖЕНЕТ! Да имал Кристофер Колумбо жена, би било следново:
• А зошто мораш да одиш баш ТИ?
• А зошто не пратат некој друг, не си ти единствен?
• Без тебе не можат?
• Дали си ти глуп или луд?
• Зарем не гледаш дека те искористуваат?
• Не го знаеш ни моето семејство, а одиш да откриеш нов свет!
• Што криеш? Не ни знам каде одиш! Каква бре округла Земја?!
• А што, само мажи ќе патуваат?! Ма немој…
• А зошто не можам и јас ако си ти шеф? Никогаш не си ме водел на патувања!
• Несреќник, не знаеш веќе што се би измислил само да не си дома!
• Ако излезеш од таа врата, јас од истата ќе се вратам кај мама! Бесрамник!
• Сѐ си испланирал, лопов!
• Ти одамна си се договорил со тие Индијанските KYPBИ!
• Ти мислиш дека јас од круша сум паднала?
• Што велиш?! И кралицата би го продала својот накит само ти да патуваш?! Што мислиш ти, дека јас сум глупа?! Што има помеѓу тебе и таа баба?!
• Не може да одиш, и готово!