Трпе и неговиот пријател којшто пелтечи се качуваат на Кораб за да планинарат таму. Само што тргнале пријателот пробува да каже нешто:
- Шшшш... шшшш....
- Ајде батали сега, горе ќе ми кажеш кога ќе се одмориме - одговорил Трпе.
На 700 метри пријателот повторно го запрел Трпе и се обидува повторно:
- Шшшш... шшшш... шшшш...
- Еј не ме нервирај, губиме време, горе ќе ми кажеш.
И така стигнале до 1500 метри каде што решиле да се одморат, па Трпе му вели на пријателот:
- Ајде сега кажи што сакаш.
- Шшшш... шшшшаторот го заборавивме доле.
Трпе збудалел и тргнал да се враќа по шаторот, а пријателот веднаш почнал...
- Шшшш... шшшш....
- Не ми збори ништо, ќе те скршам од мавање.
- Шшшш... шшш... - почнал пак пријателот.
- Реков не ми збори, нервозен сум.
И така стигнале до подножјето и Трпе конечно застанал и го прашал, ајде сега кажи што сакаше горе.
- Шшшш.... шшшш... шшшега бе Трпе, шега правам, го нннносев со мене цело вввввреме.
Дошла некоја госпоѓа пред Свети Петар и само што почнале со разговор се слуша страшен врисок.
- Што е тоа? - праша она.
- Ма ништо, само на некој му прават дупки на грбот за крила.
Госпоѓата се смирила малку се додека не слушна повторно некој врисок.
- О господе што е сега пак ова?
- Не е ништо, сега му прават дупка за поставување на ореол на главата.
- О боже, ја стварно ова неможам да го поднесам... Ја би отишла во пеколот!
- Ама госпоѓо, таму ќе ве силуваат и искористуваат.
А госпоѓата одговара.
- Па нека, за тоа веќе имам направени дупки.