Skip to main content
Мајката свиња изглегува да купи нешто до продавнице и на своите 3 прасиња им вика:
- Кога ќе се вратам ќе тропнам 3 пати, вие ќе прашате за лозинка , лозинката ќе биде Цицам Цицка
Волкот стоел настрана и слушнал ама не дослушал баш за лозинката.
Еве го иде тропа 3 пати, прасињата прашаат, кажи лозинка, волкот не знае.
- Aааа, ти си Волкот бриши од тука.
Се изнервирал Волкот и си рекол утре ќе се скријам и ќе им ја слушнам лозинката и ќе си ги лапосам сите три.
Другиот ден мајката свиња пак излегува и им вика на прасињата.
- Запамтивте нели, три пати тропам на враќање и лозинката е иста од вчера, Цицам Цицка.
Е овој пат Волкот слушнал се и сиот среќен оди кај прасињата и тропа три пати на врата, прасињава прашаат кажи лозинка?
Волкот со сиот глас.
- Цицам цицкаааааа!!!
А прасињата му одговрааат:
- Да ни цицаш ку*ооооооот, мама ни стави окце на вратата!!!
Решиле лисицата, волкот и магарето да отворат фирма.
Лисицата рекла:
- Јас сум итра, ќе отидам во општината и веднаш ќе добијам дозвола.
По половина час ете ти ја лисицата со подвиткана опашка, бидејќи не ја завршила работата.
Волкот на тоа:
- Јас ќе одам во општината, луѓето се плашат од мене, па ќе ми дадат дозвола.
По два часа се вратил, се разбира, без дозволата.
На ред дошло магарето:
- Ајде јас да се обидам и по еден час, целото среќно се вратило кај ортаците:
- Дечки, имаме работна дозвола !!!
- Но како ???
- Па така фино - отидов во општината, тропнав на вратата, кога таму сите мои школски другари !!!