Кристофер Колумбо ја открил Америка само затоа што: БИЛ НЕОЖЕНЕТ! Да имал Кристофер Колумбо жена, би било следново:
• А зошто мораш да одиш баш ТИ?
• А зошто не пратат некој друг, не си ти единствен?
• Без тебе не можат?
• Дали си ти глуп или луд?
• Зарем не гледаш дека те искористуваат?
• Не го знаеш ни моето семејство, а одиш да откриеш нов свет!
• Што криеш? Не ни знам каде одиш! Каква бре округла Земја?!
• А што, само мажи ќе патуваат?! Ма немој…
• А зошто не можам и јас ако си ти шеф? Никогаш не си ме водел на патувања!
• Несреќник, не знаеш веќе што се би измислил само да не си дома!
• Ако излезеш од таа врата, јас од истата ќе се вратам кај мама! Бесрамник!
• Сѐ си испланирал, лопов!
• Ти одамна си се договорил со тие Индијанските KYPBИ!
• Ти мислиш дека јас од круша сум паднала?
• Што велиш?! И кралицата би го продала својот накит само ти да патуваш?! Што мислиш ти, дека јас сум глупа?! Што има помеѓу тебе и таа баба?!
• Не може да одиш, и готово!
Си биле претседателите на Македонија, Франција, Англија, Грција, Персија и Бугаријa…
- Персијанецот станува и вика:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на перските килими, најубави килими имаме ние!!!
- Французинот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Ајфеловата кула, најубава кула и највисока на свет!!!
- Англичанецот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на Елизабета II, најубава кралица сме имале ние!!!
- Бугаринот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на бугарската музика, многу убава музика имаме!!!
- Гркот:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на грчката литература, најубава литература имаме ние!!!
- Македонецот се мисли и почнува:
Јас оваа чаша ја дигам во чест на крали марко, што имал cekc со елизабета под ајфеловата кула, на убав персијски килим со убава бугарска музика. Ако не ми верувате прочитајте во грчката литература !!!