Skip to main content
Една млада, културна професорка по географија, влегла прв пат на час во средно училиште, но учениците воопшто не и обраќале внимание.
Викале, се карале, некои муабетеле, и таа кутрата колку и да се обидувала да ја започне лекцијата, ништо не и успевало.
Расплакана отишла кај директорот и му раскажала за проблемот. Директорот ја слушал и татковски и рекол:
– Колешке, неправилно сте пристапиле кон учениците. Требало најнапред да ги заинтригирате со нешто и потоа да ја започнете лекцијата. Дојдете, јас ќе ви покажам.
Се вратиле тие двајцата во училницата и уште од вратата директорот ги кренал двата прста нагоре и извикал:
– Хеви метал, мрсници!
– Хеви метал, хеви метал, господин директор – му одговориле сите ученици.
– Имам едно прашање за вас. Може ли да се стави кондом на географски глобус?
Сите молчат.
– Пак прашувам, може ли да се стави кондом на географски глобус?
Еден ученик конечно прашал:
– А што е тоа географски глобус, господин директор?
– Е, тоа ќе ви го објасни новата професорка по географија…
Учителката го прашува Мали Џокица како си поминал за летниот распуст.
Џокица одговара:
- Прво, јас не сум Џокица, јас сум Џорџ.
- Како второ, за распустот бев во Америка и супер си поминав. Цело време се качував на веранда, па се симнував од веранда, па јадев, па пак се качував на веранда, па се симнував, па спиев, па пак се качував на веранда и така цело време.
- Добро, седи. Ајде ти Верице кажи ни како си помина.
Верица одговара:
- Прво, јас не сум Верица, јас сум Веранда.