Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:
- Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
- 150.
Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.
Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.
Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.
Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:
- Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
- Паа? околу 15.
Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:
- И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?
Влегува еден човек во бар, каде наместо бармен стоел робот зад шанкот. Оди човекот на барот, а роботот го прашува:
- Колкав е Вашиот IQ?
-150 – рекол човекот.
Роботот веднаш му налева 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, квантна механика, нанотехнологиите итн.
Човекот бил многу импресиониран и следниот ден решил да го тестира роботот.
Кога роботот го прашал за неговото IQ – тој кажал 80.
Веднаш роботот му сервирал пиво и почнал муабет за фудбал, карти, омилени јадења, жени итн.
Така заинтригиран, човекот се вратил и трет ден.
Тогаш на роботот му кажал дека има IQ е 0.
Роботот, без да го праша, му налева една ефтина жолта ракија и го прашува:
- И што ќе правиме сега? За кој ќе гласаме?
Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
- Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
- Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
- Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
- Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.