Две статуи, маж и жена, стоеле пред некој парк во голем град веќе 50 години. И еден ден се симнува Св. Петар и им вика:
- Вие бевте многу добри статуи! Луѓето ве сакаат, го разубавувате парков… Ај ќе ве наградам, ќе ве оживеам на 30 минути. Ги допрел Св. Петар статуиве и оп… Веднаш се размрдале, се истресле и… Ни збор не кажале, отрчале во грмушките во близина и се скриле во нив. Св. Петар останал да ги почека и почнал да слуша офкање и стенкање од кај грмушките… Се подзамислил малку, ама си рекол:
- Ај ќе ги оставам, и тие луѓе се сега, да си останам на зборот. По 15 минути излегуваат мажов и жената од грмушките и си се враќаат назад! Св. Петар погледнал на часовникот и им вика:
- Не, не… Не се брзајте, имате уште 15 минути! Еве, ако сакате вратете се во грмушките, имате време за уште една тура! Јас ќе ја свртам главата на друга страна! Жената очигледно израдувана го фаќа мажот за рака, го влече кон грмушките и му вика:
- Одлично! Сега јас ќе го држам гулабот за крилјата, а ТИ СЕРИ МУ НА ГЛАВАТА!
Еден човек имал мала алатка и отишол да побара стручна помош. Во ординацијата имало две врати, на едната врата пишувала др. Песимист, и др. Оптимист на другата. И човекот влегува кај др. Песимист.
Пациентот: Докторе, ме боли главата.
Др. Песимист: Уф, па тоа е страшно.
Пациентот: Докторе, ме боли грбот.
Др. Песимист: Леле, зарем во тие години?
Пациентот: Докторе, мал ми е.
Др. Песимист му вади пиштол и му вика: Убиј се.
Човекот излегува исплашен за својата состојба, но се охрабрарува и отиде да побара друго стручно мислење кај др Оптимист.
Пациентот: Докторе, ме боли главата.
Др.Оптимист: Ништо, ќе земеш таблета.
Пациентот: Докторе, ме боли грбот.
Др.Оптимист: Не ти е ништо, ќе направиш склекови и ќе бидеш како кукурек.
Пациентот: Докторе, мал ми е.
Др.Оптимист: Е како да не, мал ти е. Дај да видам.
И човекот се соблекол и др. Оптимист гледал.
Др.Оптимист: Па добро сега……… ама да знаеш добро ти стои.
Си биле двајца риболовци. Се среќаваат по долго време и едниов го прашува другиов.
- Како риболовот?
- Абе риболовот супер, али црви неможам да најдам никако!
- А за црви лесна работа, ќе земеш една батерија ќе бутнеш 2 жички во земја и црви од струјата излегуваат како луди!
После некое време се среќаваат, а овој што прашувал за црвите цел во гипс, со штаки …
- Ееее кај си бе ти, што направи со црвите?!
- Абе гони се и ти и твоите црви!!!
- Зошто бе!
- Абе направив се како што ми кажа земав 1 батерија ставив 2 жички во земја чекав саат време излегоа два црва, па си викам слаба е струјата. Земав од акумулаторот извадив 2 жички ставив во земја после саат време излегоа 5 црви, викам ај пак е слаба струјата, па гледам таму еден далековод. Земав од него 2 жици ги ставив во земја. Кога за 5 минути ми излегоа 6 рудари мамето ми го eбaa!!!