Еден брачен пар одлучил да оди на зимување во северните делови.
Поради работни обврски, мажот тргнал еден ден порано од неговата жена. Кога стигнал во хотелот го извадил лаптопот и почнал да и пише маил на својата жена. Но, во емаил адресата пропуштил една буква па емаилот стигнал до некоја вдовица која баш тој ден го закопала својот маж.
Вдовицата вечерта седнала да си ја провери својата емаил пошта, да прочита некое сочуство од своите пријатели и познаници… После некое време во собата влегол синот и што ќе види…. Мајка му лежи на подот.
Неговиот поглед паѓа во мониторот каде што пишува: To: мојата осамена женичка
From: нејзиниот најмил маж
Најдрага моја, стигнав. Се е спремно овде за твоето утрешно доаѓање! Ти посакувам убав и среќен пат.
Со љубов, твојот најсакан маж! П.С. Облечи се добро, овде горе е премногу ладно!!!
Полицаец застанува еден човек и го прашува:
– Господине, вие пијан сте?
Овој му одговара:
– Не.
Полицаецот:
– Добро,ама одговорете на прашањево. Гледате две светла кои идат накај вас, што е тоа?
Возачот одговара:
– Па кола.
Полицаецот:
– Да,ама каква кола? Мерцедес, Опел, Цитроен…
Возачот збунето одговара:
– Па од каде да знам!?
Полицаецот:
– Ти си пијан. Ај сега одговори на ова прашање: Гледате едно светло кое иде накај вас, што е тоа?
Возачот:
– Мотор, секако.
Полицаецот:
– Мотор е, ама каков, Јамаха, Хонда, BMW?
Возачот налутено одговора:
– Па јас не можам тоа да го знам.
Полицаецот:
– Ти си сигурно пијан.
Возачот:
– Ај сега јас да те прашам едно прашање. Ако по патот видиш полугола жена со мрежести хулахопки, што е тоа?
Полицаецот:
– Лесно, стриптизерка.
Возачот насмеано:
– Да, ама од каде знаеш дали е ќерка ти, жена ти или мајка ти?