Најнови вицеви

Откако ставил стотици големи криминалци зад решетки, еден ден Шерлок Холмс претерал со кокаинот. Се предозирал и умрел. Отишол во Рајот. Таму на вратата го пречекал Свети Петар.
– Кој си ти бе? – Прашал Свети Петар.
– Како?! Зарем не ме познаваш? Јас сум најголемиот детектив во светот. – Одговорил Шерлок Холмс.
– Не зафркавај! Озбилно? Ако си толку голем детектив, можеш ли да ми завршиш една работа?
– Секако. Што?
– Во Рајот има милиони луѓе. Оди внатре и да ми ги најдеш Адам и Ева.
– Океј. – Рекол Шерлок Холмс и влегол во рајот.
По три дена Шерлок Холмс доаѓа и му носи на Свети Петар еден маж и една жена.
– Еве ти го Адам. Еве ти ја и Ева.
Свети Петар останал запрепастен.
– Ти навистина си бил најголемиот детектив. Како ги најде бе човек?
– Елементарно Петар… И двајцата немаат папоци.
Испит по литература во англиски колеџ. Задачата е да се напише расказ. Професорот објаснува каква треба да е структурата и што треба да се опфати:
– Колеги, во вашиот расказ треба да има нешто божествено, бидејќи Англија е религиозна земја. Дејството обично се одвива во високото општество, бидејќи таму се случуваат најинтересните работи. Во расказот треба да има и cekc, за да биде прифатен од издавачот, и треба да има мистерија, за да се заинтересира читателот. Имате на располагање доволно време, почнувајте.
По 1 минута еден студент ја предава тетратката.
– Колега, зарем за толку кратко време успеавте да ги исполните сите барања?
– Да, господине. Еве: „Боже мој! – Рече бороницата. – Јас сум бремена. Од кого ли?“.