Најнови вицеви

Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашите приватни факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледа низ прозорот. Доаѓа до него и го прашува:
- Дечко колку изнесува твојата месечна плата.
- Па околу 15.000 денари!
Синот на газдата извадил пари од џебот и му рекол:
- Еве ти 15.000 денари плата за овој месец, и еве ти уште 50.000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.
Дечкото ги земал парите и насмеан си заминал од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка се свртел кон останатите работници и им рекол:
- Вака ќе биде со секој кој нема да работи, а сега нека ми го каже името на овој вработен за да го одјавам.
Сите молчеле освен шефот кој собрал храброст и му одговорил:
- Газда тоа беше Трпе, работи како Пица доставувач.
Интернет жена – Морате да и платите за да добиете пристап.
Сервер жена – Секогаш е зафатена кога ви треба. Excel жена – Кажува дека се може да работи, но вие сепак ја користете за оние 4 основни работи. Powerpoint жена – Совршена е за да ја презентирате на некоја слава. Screen saver жена – Нема некои битни функции, само сакате да ја гледате. Hard disc жена – Се сеќава на се, во секое време. Backup жена – Мислите дека има се, но кога ќе ви затреба нешто итно, тогаш дознавате дека и фали нешто. MS-Dos жена – Сите ја имаат а никој не сака да ја употребува. E-mail жена – Од десет работи кои ви ги кажува, девет се чиста глупост. Вирус жена – Кога најмалку очекувате, се инсталира во вашиот стан со нејзините работи. Ако се обидете да ја деинсталирате може да се опростите од некои работи. Но и ако ништо не превземите, набрзо ќе изгубите се.
Еден човек имал мала алатка и отишол да побара стручна помош. Во ординацијата имало две врати, на едната врата пишувала др. Песимист, и др. Оптимист на другата. И човекот влегува кај др. Песимист.
Пациентот: Докторе, ме боли главата.
Др. Песимист: Уф, па тоа е страшно.
Пациентот: Докторе, ме боли грбот.
Др. Песимист: Леле, зарем во тие години?
Пациентот: Докторе, мал ми е.
Др. Песимист му вади пиштол и му вика: Убиј се.
Човекот излегува исплашен за својата состојба, но се охрабрарува и отиде да побара друго стручно мислење кај др Оптимист.
Пациентот: Докторе, ме боли главата.
Др.Оптимист: Ништо, ќе земеш таблета.
Пациентот: Докторе, ме боли грбот.
Др.Оптимист: Не ти е ништо, ќе направиш склекови и ќе бидеш како кукурек.
Пациентот: Докторе, мал ми е.
Др.Оптимист: Е како да не, мал ти е. Дај да видам.
И човекот се соблекол и др. Оптимист гледал.
Др.Оптимист: Па добро сега……… ама да знаеш добро ти стои.