Најнови вицеви

Две статуи, маж и жена, стоеле пред некој парк во голем град веќе 50 години. И еден ден се симнува Св. Петар и им вика:
- Вие бевте многу добри статуи! Луѓето ве сакаат, го разубавувате парков… Ај ќе ве наградам, ќе ве оживеам на 30 минути. Ги допрел Св. Петар статуиве и оп… Веднаш се размрдале, се истресле и… Ни збор не кажале, отрчале во грмушките во близина и се скриле во нив. Св. Петар останал да ги почека и почнал да слуша офкање и стенкање од кај грмушките… Се подзамислил малку, ама си рекол:
- Ај ќе ги оставам, и тие луѓе се сега, да си останам на зборот. По 15 минути излегуваат мажов и жената од грмушките и си се враќаат назад! Св. Петар погледнал на часовникот и им вика:
- Не, не… Не се брзајте, имате уште 15 минути! Еве, ако сакате вратете се во грмушките, имате време за уште една тура! Јас ќе ја свртам главата на друга страна! Жената очигледно израдувана го фаќа мажот за рака, го влече кон грмушките и му вика:
- Одлично! Сега јас ќе го држам гулабот за крилјата, а ТИ СЕРИ МУ НА ГЛАВАТА!
Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша. Почнал Супермен и вика:
- Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба и што да видам пајакот пајажина плете. На тоа Брус Ли му враќа и вика:
- Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци испушта. И станав да видам што е работата. Одам во една соба нема ништо, одам во друга соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала ‘рѓа да фаќа.И на крај Чак Норис вика:
- Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои мистериозни звуци и станав да проверам што е. Одам во една соба ништо, одам во друга соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отварам шифоњер и што да видам капутот од мода ми излага.