Најнови вицеви

Трпе си дошол дома весел и Трпана го прашува:
– Денес си ми ништо многу радосен?
– Во трафика купив олимписки кондоми па вечер ќе ги пробаме!
– Никогаш не сум чула за такви…
– Не се нешто особено, само што можеш да ги купиш во три бои: златна, сребрена и бронзена!
– А, кои ги купи?
– Па се разбира златни, – вели гордо Трпе.
– Можеше да земеш сребрени, не требаше златни! – луто му вели Трпана.
– А, зошто? – се зачудил Трпе.
– Па бар еднаш да свршиш втор – му возвратила Трпана.
Имала некоја баба папагал за време на втората светска војна. Папагалот постојано викал “Смрт за Хитлер“. Фашистите биле кај бабата во куќата и папагалот рекол:
– Смрт за Хитлер.
Тогаш војниците и се развикале на бабата и и рекле дека ќе дојдат пак и ако повторно го изговори тоа тие ќе ја убијаат и неа и папагалот. Бабата заминала кај попот и му ја кажала својата мака, а попот и рекол да го земи неговиот папагал. Кога повторно дошле војниците папагалот молчел. Еден од фашистите за да го испровоцира рекол:
– Смрт за Хитлер.
На тоа папагалот одговорил:
– Нека бог ги слушне молитвите твои, сине мој.