Најнови вицеви

Сабота наутро. Семејство седи на масата и појадува. Одеднаш на мајката и таткото им се појавува сексуална желба. Со неколку намигнувања тие се разбираат. Мајката станува и вели:
– Уф, нешто ми испари апетитот, нема да јадам повеќе!
Потоа демонстративно се качува на вториот кат, во спалната соба.
Таткото набрзина дојадува, скокнува, и брзо се качува во спалната соба.
Двете деца гледаат изненадено и не можат да сфатат што се случува. Поголемиот вели:
– Брзо оди горе и ѕирни преку клучалката што се случува!
Малиот трча по скалите. По неколку минути се враќа, седнува на столот и почна да јаде брзо-брзо.
– Што ти стана, бе? Зошто се разјаде толку брзо? – Прашува постариот не разбирајќи што се случува.
– Јади, јади и не прашувај… горе, во спалната соба, да видиш тато што им прави на тие што не сакаат да јадат…
Брокерска фирма одлучува да назначи нов шеф, кој ќе воведе ред и ќе го разниша застарениот систем на работење.
Назначуваат млада плавуша и и дозволуваат да отпушта на лице место. Плавушата тргнува по канцелариите и уште во првата канцеларија гледа маж што стои и се потпира на вратата. Со два скока веќе е кај него:
– Ти, да ти… колку пари заработуваш месечно?
– 200 евра, зошто? Плавушата вади од џебот 200 евра.
– Еве ти ја месечната плата… исчезнувај… и да не сум те видела повеќе во канцеларијата!
Плавушата со чувство на гордост по првото отпуштање им се обраќа самоуверено на сите во канцеларијата, кои веќе онемеле тотално.
– Ова нека ви биде лекција! – И потоа брзо избира една бринета и и вели:
– Од денес, ти ќе ги извршуваш неговите обврски! Јасна ли сум?
Бринета некако наоѓа сили и и вели:
– Но… јас, немам поим… од разнесување на пици.
Проблемот не е во тоа што жената го командува мажот во семејството, туку во фактот што крајно погрешно командува. Драги жени, еве неколку докажано функционални команди за мудар семеен менаџмент:
– Доста миеш чинии!!! Марш на риба!!!
– Не сакаш да јадеш чорба? Тогаш ќе јадеш пржена шницла…
– Што само ја меркаш убавата комшивка, целиот влез веќе ја помина, ќе помислат дека сум се омажила за „обратен“…
– Не сакам крзнено палто и ракавици! Дотерај си ја колата и купи и поубав ауспух да не ме срамиш пред луѓето…
– Сакам да се поправиш!!! Твоето сало ме возбудува, а чкембето ти е поудобно од воден кревет…
– Другите мажи веќе шестата ракија ја пијат, а ти се лигавиш со втората!!!
– Наместо да играш Бељот со пријателите, ти ми седиш во куќи!? За тебе кафани нема ли?
– Дојди веднаш и направи ми еден полн третман, оти многу сум уморна и главата ќе ме прсне.
Маж во бар нарачува дупла вотка. Шанкерот полни а тој ја пие на екс. Шанкерот го погледнува и прашува:
– Нешто лошо ли ти се случило пријателе?!
– Да, стигнав порано дома и што да видам – мојот најдобар пријател и се качил на жена ми!!!
Шанкерот му става уште една дупла водка:
– Оваа е од куќата… А ти и рече ли нешто на жена си?
– И реков да си го собере парталите и да исчезне од мојот дом.
Ја пие мажот и втората чаша на екс, а шанкерот ја полни третата.
– А на пријателот? Му рече ли нешто?!
– Да, го погледнав право во очи и му реков „Лошо куче!“
Една жена одлучила да игра Бинго. Оди кај продавачот и му вели:
– Сакам да играм, но не знам кое ливче да го одберам. Ќе ми помогнете ли да го најдам мојот среќен број?
– Се разбира. Кажете, на пример, колку пати сте патувале во странство?
– 4 пати.
– Добро, значи првиот број ќе биде 4. Сега кажете колку деца имате?
– 2.
– Добро, вториот број ќе биде 2. А колку книги сте прочитале оваа година?
– 3.
Продавачот пишува тројка и продолжува:
– Колку пати во месецот имате cekc со мажот?
– Хм, не ли е доста дрско ова прашање?
– Сакате да играте или не?
– Добро, добро, 2 пати во месецот.
– Одлично. А сега, штом веќе си имаме толку доверба, кажете, колку пати сте го изневерувале мажот во животот?
– Господине, за каква ме сметате вие мене?
– Добро де, добро, не се лутете, значи ниту еднаш… последна цифра ќе биде нула. И така Вашиот среќен број е: 42320.
По неколку дена жената си купува весник и ги чита резултатите од извлекувањето, гледа дека добтник на бинго е талончето со број 42327. Изнервирана си вели:
– Арно ми велеше мама не е убаво да се лаже!