Најнови вицеви

Еден селанец си чувал многу свињи. Еден ден дошол инспектор и го прашал:
– Со што ги храните свињите?
– Па, кога има пченка со пченка, инаку со отпадоци од храна. Зошто?
– Јас сум од Здружението за заштита на животните. Не ги храните како што треба – тие не треба да јадат отпадоци. – И го казнил.
По два дена дошол друг инспектор и го прашал со што ги храни свињите.
– Па, со лосос, кавијар, со ракчиња. Зошто? – Прашал селанецот.
– Јас сум од ООН. Не може, кога милиони луѓе умрат од глад, вие да ги храните свињите со деликатеси. – Исто така го казнил. По неколку дена дошол трет инспектор и го прашал селанецот со што ги храни свињите.
– Па, јас не ги хранам! Им давам по 100 денари на ден, да си купат што им се јаде! – одговорил луто селанецот.
Седејќи на задното седиште во таксито, калуѓерката забележала дека возачот ја гледа.
– Не сакам да те повредам – рекол тој. – Но отсекогаш сум сакал да бакнам калуѓерка.
– Па добро. – Одговорила калуѓерката. – Но, само ако си католик и ако си разведен.
Возачот рекол дека никогаш не се женел и дека е католик. Тогаш калуѓерката го бакнала долго и страсно на усните. Мажот паднал во екстаза, но по малку се замислил и почнал да плаче.
– Што се случи? – Прашала калуѓерка.
– Жал ми е, сестро, но згрешив. Те излажав: јас сум во брак, а освен тоа сум и евреин.
Калуѓерката одговорила:
– Не се секирај, се си е во ред! Јас се викам Стојан и одам на забава во Валијант.
Рано наутро околу 8, 8 и нешто.
Во аптеката влегува млад човек и го прашува аптекарот:
– Имате ли вијагра?
– Има. И му носи една пилула.
Младичот извадил банкнота од 5000 денари да си плати.
– Многу е рано, рекол аптекарот. Немам да ти вратам.
– Во ред. Ќе одам да купам овошје и зеленчук. Ќе пазарувам и ќе ви платам.
Пазарувал… Истата работа. Рано било и немале да му вратат.
– Во ред. Ќе си купам малку месо. И ќе ви платам.
Во месарницата се случила истата слика. Потоа и во пекарата… немале да му вратат.
– Во ред. Ќе побарам од таксистот да ми раситни.
Се качил во таксито и му ја дувнал…
По еден час, влегува во истата аптека друг млад човек со зборовите:
– Имате ли вијагра?
– Има… Има…
– А каква е? Не сум пробал до сега. Делува ли?
– Пааа… Пред вас помина еден дечко. Зеде едно апче и му ја eбa мајката на целата маало…